СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Бектеши: Трговските центри да работат и во недела

Mинистерот за економија Крешник Бектеши на денешниот прес изјави дека некои од дејностите треба „да се извлечат“ од законското решение за недела неработен ден, а токму работата на трговските и туристичките центри е стратешки приоритет на нашата држава и треба да работат и во недела.

– Имајќи го предвид трендот на изградба на трговски центри, инвестициите кои се прават во таа дејност и приливот на странски туристи во викендите во нашата држава, а посебно од соседните држави, мислам дека многу внимателно треба се разгледа ова прашање и трговските центри да работат и во недела, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Дел од маркетите и трговските центри во Македонија одлучија неделата да биде неработен ден за сите вработени

Поврзани вести

Никогаш нема да ви кажат – ТЕ САКАМ: Мажите родени во овие хороскопски знаци никогаш не ги покажуваат емоциите!

Radmila Tasevska

Како да се зголеми интимноста по сексот?

Radmila Tasevska

Што треба да знаеме за методот балирање на отпадот?

Влатко Зорба