Смартфоните се моќни уреди и од таа причина ние ги користиме постојано, за да си го олесниме секојдневниот живот. Дали сепак знаеме дека смартфоните може да се користат и за избегнување на неудобни ситуации? Благодарение на „Андроид Пит“ можеме да научиме повеќе за овие 6 начини да избегнеме неудобни ситуации со својот смартфон.
1. Во градскиот транспорт
Додека сте во градскиот транспорт и не знаете каде да гледате, извадете го смартфонот, за да не мора да зјапате во некој непознат и да го терате да се чувствува непријатно. Неоспорен факт е дека јавниот превоз е „гладијаторска арена“ за непријатна социјална интеракција, а мобилната направа е онаа која може да не извлече од оваа ситуација.
2. Кога се наметнува да ја промените насоката во која се движите
Што правите кога сфаќате дека одите во погрешна насока и треба да се вратите назад? За да не разберат сите дека сте погрешиле, извадете го телефонот и „консултирајте“ се за момент. Сега веќе може да се свртите и да тргнете во вистинската насока и никој нема да забележи колку чудно е она што штотуку сте го направиле.
3. Во лифтот
Возењето во лифт со други луѓе е прилично вознемирувачко и создава многу анксиозност и стрес. Единствениот начин да се намали стресот во слична ситуација е со користење на смартфонот. Извадете го и преправајте се дека го проверувате вашиот мејл. Обидете се со овој трик следниот пат кога сте во лифт!
4. Кога ќе го видите вашиот Facebook пријател како оди по улицата
Ние знаеме сè за нашите пријатели на Facebook – каде го поминале викендот, што вечерале претходната вечер, кога се прибрале од работа и сите други најмали детали од нивниот живот. Размислете за тоа што ќе разговарате откако сте свесни за се што му се случило! Ако не сакате да западнете во непријатна ситуација, извадете го смартфонот од џеб пред пријателот да ве види.
5. Каде е неопходно да напуштите продавница без да си купите нешто
Ако влезете во продавница, но сфатите дека таму нема ништо за вас, или дека производите се премногу скапи, пред некој од продавачите да дојде кај вас, извадете го телефонот. На овој начин нема да има потреба да се извинувате дека нема да купувате ништо, а секој ќе помисли дека нешто итно е потребно за вашето излегување од продавницата.
6. Кога чекате некој на јавно место
Никој не сака да чека и да не прави ништо, уште повеќе кога се наметнува да стои на место со многу луѓе. За да не излезе пред другите дека сте луди, можете да го користите смартфонот. Со тој потег, ќе им прикажете на останатите дека сте еден нормален човек со телефон.