Кога правиш бизнис и се обидуваш да разбереш како функционираат успешните претприемачи, следиш личности како Ричард Бренсон. Се обидувате да разберете како мислат победниците. За жал, размислувањето е само почетокот.
За да бидеш успешен, не е доволно само да размислуваш добро за работите. Клучно е изградбата на познанства, а не разбирање на самиот себе. Поскоро е искуство, отколку елиминација на идеи. И повеќе е акција, отколку сонување.
Сето ова започнува со начин на размислување кое го одредува вашето однесување. Начин на размислување, кое води до акција, карактеристично за победник.
Еве вака мисли еден победник:
Јас не сум најдобар, некој друг е.
Секој кажува колку е важно да го сакате она што го правите. Ако сте еден од многуте што ја вршите на ист начин својата работа, нема да ви се допадне резултатот. Да се возбудуваш од она што го правиш, е добар почеток. И само тоа. За да завршиш како победник, треба да бидеш најдобар во својата работа.
Успехот е маратон, не спринт.
Успехот е игра која трае цел живот.
Ги слушам другите, но се доверувам на своето мислење.
Успехот доаѓа со донесување на добри одлуки. Информацијата може да е сила, но во денешно време секој има пристап до неа. Добро е да сте опкружени од професионалци, но кога вие сте шефот, треба да му верувате на разумот.
Нема смисла да им велите на луѓето она што сакаат да го слушнат.
Секој сака аплауз и следбеници. Никој не сака да биде навреден или пак оценет негативно. Затоа секој му дава комплименти да другиот. Вашиот адут е да им ја кажувате на луѓето вистината, особено ако тоа не е она што сакаат да го слушнат.
Идеите кои не ги ги применувам, не постојат.
Идеите се само мисли. Секој ги има. Содржината претставува идеи, изложени на лист или сајт. Секој ги генерира. Разликата е што правите. Што применувате. Што доставувате.
Ако секој го прави, направете го спротивното.
Зошто некој кој сака да биде победник, ќе регистрира профил на социјална мрежа и ќе се занимава со дигитален маркетинг? Секој го прави тоа. Не можете да победите. Ако ги користите истите алатки и го правите истото што и конкурентите, вие сте како другите. Точка.
Следејќи ги другите, се откажувате од шансата да водите.
Што и да е – организација, толпа, компанија – има само еден лидер. Можете да бидете овој човек или не. Не е кривично дело да сте следбеник, но ако сте таков и се лажете дека сте лидер, се лажете себе си.
Корисниците не ценат концепти или содржина; тие ценат вистински и иновативни решенија за нивните проблеми.
Бизнисот се базира на реални потреби. Кога продавате производи или услуги, раководете се од потребите на клиентите. Производите кои заработуваат, се оние кои го исполнуваат максимално решавањето на проблемите.
Никогаш не сум задоволен од постигнатото
Клучна карактеристика на сите шампиони е дека тие се незадоволни од своите достигнувања.
Неуспехот не чини
Секој кажува колку ужасен е неуспехот, но тоа е така, бидејќи провоцира болка. Ако е доволно болно, тој ги тера луѓето да се замислат каде е грешката. Така станувате помудри и посилни. Тоа нема да се случи, сепак, ако неуспехот не е болен. Не плашете се од неуспех, но не правете грешки.
Целта е да победите.