АНАЛИЗИ

Ако во телото имаме помалку Т-клетки на имунолошкиот систем, потешко ќе ја прележиме короната!

Кај пациенти со коронавирус и имале поблаги симптоми, т-клетките на имунолошкиот систем играле значајна улога, нови се откритијата на светските научници.

Имено, недостатокот на одреден вид на имунитетни клетки кај постарите лица, кои се клучни за борба против странски тела, може да ја објасни ранливоста на старите лица кон вирусот.

Кога микробите влегуваат во телото и предизвикуваат реакција на имунитетниот систем во форма на воспаление што не е поврзано специфично со бактерии или вируси, неколку дена подоцна следи попрецизен имунолошки одговор кој произведува антитела против натрапниците заедно со Т-клетките кои или помагаат во производството на антитела или бараат и напаѓаат заразени клетки.

Според резултатите од малата студија објавена во средата во списанието Цел, пациентите со Ковид-19 со поблаги симптоми имале подобар одговор на имунолошкиот систем а посебно посилен одговор на Т-клетките на коронавирусот.

Луѓето постари од 65 години имаат многу поголема веројатност да имаат послаб одговор и помалку координиран одговор на имунолошкиот систем на инфекција, напиша коавторот на истражувањето Шејн Кроти од Институтот за имунологија Ла Јола.

Како што старееме, изворите на нашите незрели Т-клетки пресушуваат, објаснува тој.

Стареењето и разредувањето на Т-клетките може да бидат поврзани фактори на ризик што го објаснуваат неуспехот да се создаде консолидиран одговор на имунолошкиот систем, што ги зголемува шансите за потешка форма на Ковид-19, велат научниците.

Поврзани вести

Враќање во нормален живот дури откако ќе инсталирате апликација за следење?

Егзистенцијалните стравови растат заради коронавирусот

Најголемата мистерија на короната: Факторот, кој одлучува живот или смрт

Влатко Зорба

Коронавирус и Италија: „Како и во секоја војна, избираме кои пациенти ќе ги лекуваме“

Stefanija Kuzmanovska

Научниците стравуваат дека загадувањето на воздухот може да влијае на нови бранови на коронавирус

Единствениот светски лидер кој е имун на критики, а неговите луѓе умираат

Влатко Зорба