АНАЛИЗИ

Балканците најмалку се плашат од коронавирусот

Истражување на „Галуп“ покажува дека над 70 отсто од луѓето на Балканот веруваат дека коронавирусот не претставува толкава закана како што се претставува. Истражувачите велат дека ова и можеше да се очекува во регион кој е навикнат на кризи, објави „Дојче веле“.

Според истражувањето, 62 отсто од луѓето во светот се плашат да бидат заразени, но во исто време дури 56 отсто мислат дека заканата не е толку опасна како што се тврди. Овие резултати ги доби Агенцијата „Галуп“ врз основа на анкетирање на 20.000 лица во 26 земји.

Претседателот на „Галуп“, Канчо Стојчев, смета дека резултатите не се контрадикторни, како што делува на прв поглед.

„Вирусот е реален и нормално е луѓето да се исплашат. Од друга страна, вирусите отсекогаш постоеле, сите некогаш ги прележале, така што реакциите на надлежните може да изгледаат претерано“, вели Стојчев за „ДВ“.

Тој социолог вели дека стравот е важен за опстанок.

„Особено во последните децении, заради напредокот, модерноста и слично, имаме чувство дека животот станува сè поизвесен, дека можеме да предвидиме и испланираме сè“, додава тој.

Балканците се навикнати

На Балканот сè уште нема многу страв, барем во испитаните три држави. Според анкетата, во С. Македонија и БиХ дури 73 отсто од луѓето сметаат дека вирусот е претставен поопасен отколку што е, во Бугарија 72 отсто и го мислат тоа.

„Балканот со векови е важен центар. На вакви места, интензитетот на историјата е значително повисок, што значи дека тука имало повеќе кризи што требало да се надминат“, истакна Стојчев.

Стојчев, кој доаѓа од Бугарија, потсетува на настаните од пред 30 години во Романија, Бугарија или Југославија.

„На некој начин, луѓето веќе се навикнати на овие ситуации“, заклучува тој.

Спротивно на тоа, во Западна Европа дури 70 отсто од луѓето сметаат дека вирусот претставува голема закана.

Поврзани вести

Бајден сака да го погреба „Северен тек 2“ на Путин

Stefanija Kuzmanovska

5 тврдења за изборна кражба во Америка – што велат фактите?

Влатко Зорба

Совет за безбедност за Косово: Опструкции, пофалби и остри предупредувања

Stefanija Kuzmanovska

Вакцина против корона: Кога ќе ја имаме?

Stefanija Kuzmanovska

Дали во иднина заради коронавирусот ќе живееме и патуваме „од троседот“?

Александар Петровски

Што значи за Балканот резултатот од американските избори ?

Влатко Зорба