АНАЛИЗИ

„Блумберг“: Социјалдемократите во Европа се пред исчезнување

Каква е состојбата на социјалдемократите во Европа? На два полуострови – Скандинавскиот и Иберскиот, тие се живи и здрави, станаа попрагматични центристи, или како во Данска станаа тврда десница за прашања како што се миграцијата. Во скоро сите други земји во средината – од Франција до Холандија, Германија, Австрија и Италија, тие се во различни состојби на безредие или распаѓање. Што се случи? И дали во завршните фази е нивниот пад, прашува Андреас Клут во материјал за „Блумберг“.

Ова е прашањето што германската социјалдемократска партија (ГСДП), која е основана пред 156 години, пред вчерашниот конгрес за избор на нови лидери, веројатно се прашуваше. Партијата, исто така, мора да одлучи дали ќе ја напушти коалицијата со конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел. Но, ова поегзистенцијално прашање тешко дека се дискутираше, барем не искрено.

ГСДП се здоби со популарност кај гласачите во Сојузна Република Германија во повоените години, кога официјално се одрече од своите марксистички доктрини за да им се допадне на сите Германци, не само на работничката класа. Рејтингот на ГСДП тогаш се искачи во 1970-тите години под власта на двајца канцелари на социјалдемократите, Вили Бранд и Хелмут Шмит, кои ветија дека ќе туркаат повеќе луѓе кон просперитет.

Но, во 1980-тите и 1990-тите, идеолошкото лево крило на партијата го возврати ударот. Намалувањето на разликите во класите се претвора во нова порака, а ГСДП се зафаќа со осудување на „богатите“. Поддршката за партијата се намалува. Застапниците за подобрување на благосостојбата накратко ги совладуваат оние кои се за изедначување на класите во 1998 година, ставајќи го третиот социјалдемократ како канцелар – Герхард Шредер. Од тогаш, сепак, фановите на изедначување на класите се реторички доминантни. Според различни истражувања, следниот столб во табелата ќе биде најмалиот досега.

Слични процеси се одвиваат во соседните земји. Еквивалентната партија во Франција, Социјалистичката партија, имаше целосно мнозинство во Националното собрание во 2012 година, по што беше совладана од страна на новото центристичко движење на претседателот Емануел Макрон. Сега партијата нема влијание во политичкиот живот. Италијанската демократска партија е повторно на власт, но како помал партнер на популистите. Слично како Макрон, поранешната sвезда на Демократската партија, Матео Ренци ќе се повлече и ќе создаде своја партија.

Една лекција е дека социјалдемократите, како и демократите во САД, се справуваат добро секој пат кога ветуваат можности и го проповедаат, како што вели Винстон Черчил, „евангелието на зависта“. Но, зависта е се, на штосе способни овие денови. Оттука доаѓаат и повиците на ГСДП (и други) за враќање на данокот на богатството, иако беш укината во 90-тите, бидејќи неговотоопределување беше кошмар и носеше малку приходи.

Друга лекција: Вие не можете само да барате нови демографски групи кои страдаат од некаква итна „неправда“ што треба да се поправи (се разбира од социјалдемократите). Но, тоа е токму она што ГСДП се обидува да го направи. Со месеци разговараше со своите коалициски партнери за зголемувањето на државните пензии на пензионерите со ниски приходи кои го одржуваа системот најмалку 35 години. Зошто не 34 години? Никој не знае. Не се дискутираше и за нестабилноста на целиот пензиски систем, во кој се помалку и помалку млади ќе трошат повеќе и повеќе од својот приход за се повеќе возрасни. Како и обично, ГСДП е изненаден што не забележува раст во јавните анкети.

Поголем проблем е што социјалдемократите едноставно немаат идеи и не одат во чекор со времето. Тие потекнуваат од Втората индустриска револуција, кога работниците едвај си го заработуваа лебот во фабриките, топејќи руда или коваа метали.

Само со нивната борба за право на безбедност при работа и платените одмори, социјалдемократите навистина ја подобрија благосостојбата на многумина. Но, денес, во зората на Четвртата индустриска револуција, овој пролетаријат исчезнува. Редовите на синдикатите се намалуваат. Работните места се насочени кон секторот услуги и „гиг“економија (економија на краткотрајни работни места). Мозокот е поважен од мускулите.

Новата закана за работниците не доаѓа од „капиталистите“, туку од вештачката интелигенција, автоматизацијата и Интернет на нештата. Некои работни места со многу ниски плати (како што се портири) се целосно небезбедни. Многу работни места со висока плата (бараат креативност и интелигенција) ќе напредуваат. Но, меѓу нив, многу професии, особено базирани на рутина или алгоритам, без разлика дали се во индустрија или администрација, навистина можат да исчезнат. Во принцип, општеството ќе биде попросперитетно. Но, за многу луѓе транзицијата ќе биде пекол. Што ќе се случи со нив?

Реторички, социјалдемократите се среќни што повикуваат на „свежо“ размислување. Која беше генијалната идеја што го засени 30-годишниот Кевин Кунер, лидер на младинската организација ГСДП? Колективизација за БМВ. Храбро и визионерски, од минатиот век.

Никој во политиката сè уште не најде убедливи и сеопфатни одговори на двата предизвици на нашето време – помирување меѓу економијата и екологијата во позадина на затоплувањето на планетата и обезбедување на социјална кохезија во време кога технологиите прво го надополнуваат, а потоа се натпреварува со човечкиот интелект. Одговорите на овие прашања на крајот ќе влијаат на сè, од образованието и даноците до социјалната политика и потрошувачката. Постојат луѓе кои работат интензивно и љубопитно во овие области. Но социјалдемократите не се меѓу нив.

Поврзани вести

Избори во САД: Што ќе се случи ако претседателски кандидат се повлече од трката?

Stefanija Kuzmanovska

Нови детали за убиството на новинарката од Малта: Трагата води кон Црна Гора

Stefanija Kuzmanovska

Зошто коронавирусот претставува таква здравствена закана?

Влатко Зорба

Странците заработуваат 900 евра помалку од домашните граѓани во Германија

Александар Петровски

Заразените кои немаат симптоми може да ја пренесат короната

Кои луѓе мора да биде особено внимателни во врска со коронавирусот, кога мерките ќе се олабават?

Stefanija Kuzmanovska