АНАЛИЗИ

Борба за тронот на Меркел: Кои се кандидатите?

Тројца влијателни демохристијани се кандидираа да дојдат на чело на партијата и, ако сè помине како што треба, наскоро ќе ја наследат Ангела Меркел на канцеларската позиција, објави „Дојче веле“.

За што се залагаат тројцата и кој е фаворит?

Доколку демохристијаните (ЦДУ) и по следните избори формираат влада, промената под наследникот на Ангела Меркел ни одблизу не би личела на пресвртот што се случи во САД или Велика Британија со доаѓањето на власт на Доналд Трамп и Борис Џонсон.

Нешто како континуитет, но со големи промени, ова во секој случај го ветуваат тројцата кандидати кои се борат да застанат на чело на ЦДУ на одделни прес-конференции. Тројцата кандидати се: поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген (54), премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет (59) и Фридрих Мерк (64).

Тројцата ветуваат дека ќе се придржуваат до начелата на германската надворешна политика кога станува збор за ЕУ и НАТО. Тие ја повторуваат желбата за зајакнување на ЕУ во светската политика и тесниот сојуз пред сè со Франција.

Но повторувајќи ги фразите дека ова се „турбулентни времиња“, ера на Трамп и подемот на Кина, кога Германија мора да преземе уште поважна улога во светот, кандидатите Ретген, Лашет и Мерк не можат да покажат по што се разликуваат меѓусебно.

Следи борба

Остануваат уште два месеца до изборите. На вонредниот конгрес на 25 април, 1001 делегат од целата земја – освен Баварија, ќе изберат нов шеф. Други конкуренти за Ретген, Лашет и Мерк засега нема. Започнува тројната борба.

Редовните парламентарни избори би биле дури во есен следната година.

Насоченост кон истокот

Интересно е тоа што Фридрих Мерк и Норберт Ретген потекнуваат од Северна Рајна-Вестфалија како и Лашет, но повеќе се насочени кон источните делови на земјата. Мерк се надева на поддршка од делегатите од провинциите кои порано биле дел од ДДР затоа што населението таму е поконзервативно.

Ретген исто така истакна дека има разбирање за источните Германци кои од мирната револуција во 1989 година до денес се чувствуваат „оставени на цедило“.

Поврзани вести

Водич за социјални вештини за возрасни

Stefanija Kuzmanovska

Што го прави Сингапур толку успешен во борбата против коронавирусот?

Stefanija Kuzmanovska

Ќе ја исклучат ли Турција од НАТО?

user4

Kоралните гребени би можеле да исчезнат до 2100 година

Stefanija Kuzmanovska

ДВ: Исламски паравојски се борат за Ердоган

Влатко Зорба

Коронавирусот удри во срцето на британската политика

Stefanija Kuzmanovska