АНАЛИЗИ

Дали младите се единствените виновници за вториот бран на корона во Европа?

Додека случаите на коронавирус се зголемуваат во некои европски земји, некои официјални лица ги обвинуваат младите на возраст од 20 до 30 години за ширење на болеста.

Министерот за здравство на Велика Британија Мет Хенкок рече дека „младите кои ги игнорираат мерките за социјална далечина се одговорни за неодамнешното зголемување на случаите во Велика Британија“.

Француското јавно здравје во повеќе наврати изјави дека вирусот циркулира меѓу младите на возраст од 20 до 39 години.

Скоро 40 проценти од новите случаи биле во иста возрасна група во Шпанија кон крајот на август, пренесува Еуроњуз.

Ова може да биде една од причините зошто бројот на хоспитализирани лица е помал од почетокот на пандемијата во март, велат експертите, но исто така е загрижувачки за сузбивање на ширењето на вирусот и спречување на вториот бран со илјадници смртни случаи.

Младите, интервјуирани од Еуроњуз, велат дека тие навистина не ја почитуваат социјалната дистанца меѓу нив, но се обидуваат да бидат многу внимателни кога се меѓу оние кои се најранливи и кои можат да добијат потешки форми на болеста.

Сепак, експертите велат дека со тоа што вирусот ќе се шири кај младите, ќе има зголемување на случаите и на крајот зголемување на хоспитализациите.

Колку е опасен Ковид-19 за младите?

Постојат млади луѓе кои можат да станат „сериозно болни, па дури и да умрат“ од вирусот корона, нагласува епидемиологот д-р Ричард Пибоди, од СЗО за Европа.

Од почетокот на март, повеќе од 1.000 млади луѓе на возраст меѓу 20 и 40 години биле на интензивна нега во Франција, нешто повеќе од 5 проценти од вкупниот број луѓе на интензивна нега во земјата.

– Иако младите генерално имаат мал ризик од хоспитализација и смрт, се чини дека имаат многу поголем ризик од постојани или хронични симптоми – рече професорката Деби Богаер од Универзитетот во Единбург.

– Сè уште не е познато кој е изложен на ризик од долгорочни симптоми на Ковид, но сегашните податоци покажуваат дека младите, здрави и активни генерации не биле поштедени – додаде таа.

Податоците од неодамнешното истражување на Кралскиот универзитет во Лондон покажуваат дека 60.000 од 300.000 луѓе имаат симптоми на вирусот корона кои траат повеќе од три месеци. Овие податоци се многу загрижувачки, се согласија британските власти.

– Шест месеци подоцна, многу луѓе сè уште имаат хроничен замор, болки во мускулите и отежнато дишење. Луѓето, кои претходно беа здрави и во форма, дојдоа до точка кога едвај можат да функционираат – рече министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок.

Младите го пренесуваат вирусот на други

Многу експерти се загрижени дека зголемувањето на случаите кај младите ќе доведе до зголемување на хоспитализација и смрт, додека вирусот продолжува да се шири меѓу населението.

Шпанија и Франција веќе се соочуваат со зголемување на хоспитализациите по неколку недели од зголемувањето на бројот на пациенти, особено кај помладата популација.

Она што сè уште ги загрижува експертите е дека е потешко да се следат контактите и да се најдат нови случаи бидејќи младите генерално имаат благи или се без симптоми.

Светската здравствена организација рече дека е важно да не се обвинуваат младите, туку да се вклучат во одговорот.

– Нашата порака до младите е да се забавуваат, но да бидат мудри – поврзете се со пријателите, но на безбедно растојание, а не во големи групи за да не дозволите ширење на вирусот – рече д-р Пибоди.

Поврзани вести

Како државите ја пресметуваат стапката на смртност од корона: Белгија најлоша во свет, во руските бројки сите се сомневаат

Александар Петровски

Дали во иднина заради коронавирусот ќе живееме и патуваме „од троседот“?

Александар Петровски

Изборите во САД може да завршат со крвопролевање

Влатко Зорба

Најголемата заблуда за коронавирусот: И претходно имаше гладни, вознемирени и лути, а овие тензии порано или подоцна ќе ескалираат

Влатко Зорба

Може ли виралните видеа да застанат на патот на полициската бруталност?

Влатко Зорба

Короната не ги штеди ниту младите: Изложени се на засилен ризик од тежок облик на Ковид-19