АНАЛИЗИ

Дали пандемијата ќе ја уништи глобализацијата

Глобализацијата е еден од клучните зборови во последните 25 години

Суштината на глобализацијата е всушност во обемот и брзината на меѓународниот бизнис, кои експлодираа во последните децении до невидени височини, објави Би-би-си.

Полесно патување, Интернет, крајот на Студената војна, трговски договори и најновото, брзиот раст на економиите, заедно сочинуваат систем кој многу повеќе зависи од она што се случува на другиот крај на светот од кога било порано.

Затоа, ширењето на коронавирусот во моментов има толкав економски ефект.

Професорот Беара Јаворчик, главен економист во Европската банка за обнова и развој, вели дека темпото на промена во глобалната економија во текот на изминатите 17 години остави длабок белег.

„Гледајќи наназад во 2003 година и епидемијата на Сарс, Кина тогаш претставуваше 4 отсто од глобалното производство. Кина сега претставува четири пати повеќе од тоа, односно 16 отсто. Тоа значи дека што и да се случува во Кина денес, има влијание врз светот во многу поголема мера“, вели таа.

Богатството и здравјето на Кина, според тоа, е поважно за нас отколку што беше порано, но не станува збор само за обемот – има и друг, многу подлабок проблем со глобализацијата.

Иjан Голдин, професор по Глобализација и развој на Универзитетот во Оксфорд и автор на книгата „Ефектот на пеперутката: Како глобализацијата создава системски ризици и што да правиме околу тоа“, вели дека новиот глобален економски систем носи огромни придобивки, како и огромни ризици.

Иако помогна да се зголеми заработката, да се забрза развојот на економиите на државите и да се спасат милиони луѓе од сиромаштија, тоа се случи и при екстремно висок ризик од зараза, без разлика дали е финансиска или здравствена.

Па, што значи оваа најнова криза за глобализацијата?

За професорот Ричард Портес, професор по економија во Лондонскиот бизнис школа, очигледно е дека работите ќе мора да се променат затоа што фирмите и луѓето сега сфатија колку ризикувале досега.

„Само погледнете ги продавницата. Штом се срушија ланеците на снабдување поради коронавирусот, луѓето почнаа да бараат алтернативни добавувачи до дома, дури и ако беа поскапи. Кога луѓето ќе најдат домашни добавувачи, тие ќе продолжат да соработуваат со нив… поради овие утврдени ризици“, објаснува тој.

Професорката Јаворчик се согласува со ова и смета дека комбинацијата на овие фактори ќе значи дека западната фабричка индустрија ќе започне да ја враќа работата дома или да прави „ришоринг“ како што се нарекува тоа стручно.

„Мислам дека трговската војна (претежно помеѓу САД и Кина), во комбинација со епидемија на коронавирус, ќе предизвика компаниите да започнат сериозно да го сфаќаат ришорингот“, вели таа.

Сепак, ова не е само добра вест за западните економии, кои сега веројатно сметаат дека станале премногу зависни од глобализацијата. Наместо тоа, тоа функционира во двата правци.

Професорот Голдин смета дека оваа пандемија ќе доведе до огромна промена и дека „2019 година беше година на врвот на фрагментацијата на ланецот на снабдување“.

Додека некои од овие фактори веќе се чувствуваат, како што се 3Д печатење, автоматизација, побарувачка за прилагодување на потребите и брза испорака, исто како и протекционизмот, се чини дека Ковид-19 може само да го забрза процесот.

Додека некои од овие фактори веќе се чувствуваат, како што се 3Д печатење, автоматизација, побарувачка за прилагодување и брза испорака, исто како и протекционизмот, се чини дека Ковид-19 може само да го забрза процесот.

Меѓутоа, вистинското прашање не е дали овие промени ќе се случат, туку колку далекусежни ќе бидат и како ќе бидат решени?

Професорот Голдин има едноставен и живописен начин да ги објасни нашите опции – дали резултатот повеќе ќе личи на она што се случи по Првата или по Втората светска војна?

Би можеле, како по 1918 година, да добиеме слаби или послаби меѓународни организации, пораст на национализмот, протекционизмот и економската криза. Или, како после 1945 година, поголема соработка и интернационализација, како што беа Бретон Вудс, Маршаловиот план, ОН и Општиот договор за царини и трговија.

Дали глобализацијата ќе биде поништена? Веројатно нема, премногу е важен економскиот развој на случувањата за да се случи такво нешто, но би можела да биде забавена.

Сепак, поголемо прашање е дали ја научивме лекцијата од оваа криза? Дали ќе научиме да ги препознаеме, контролираме и регулираме ризиците кои делуваат како составни делови на глобализацијата? Бидејќи се чини дека владее голем недостиг на соработка и лидерство кои се неопходни за да се случи тоа.

Поврзани вести

„Њујорк Тајмс“: Коронавирусот и Американците придонесоа за паѓање на владата на Курти

Stefanija Kuzmanovska

Вакцината против туберкулоза помага против коронавирус?

Stefanija Kuzmanovska

Балконска полиција: Луѓето ширум Европа масовно ги пријавуваат своите комшии

Што го прави Сингапур толку успешен во борбата против коронавирусот?

Stefanija Kuzmanovska

Зошто на Истокот на Европа има помалку заразени од Ковид-19 отколку на Западот?

Досега не е докажан пренос на вирусот во супермаркетите, рестораните или фризерските салони

Stefanija Kuzmanovska