АНАЛИЗИ

Дали во иднина заради коронавирусот ќе живееме и патуваме „од троседот“?

Мерките воведени заради коронавирусот наголемо се олеснуваат, но стравот и новите навики на кои не присили кризата нема да исчезнат преку ноќ. Тоа го потврдуваат и анкетите спроведени во Германија. Дали во иднина ќе живееме и патуваме „од троседот“?

Да ви кажат дека во вашиот град настапува вашиот најомилен бенд и дека ќе добиете бесплатна влезница – дали би сте заминале на концертот? На вистински концерт, во некој клуб, сала и стадион, не во некој театар во кој две места лево и десно од вас ќе бидат празни?

Третина Германци најверојатно нема. Тоа може да се заклучи од анкетата која на репрезентативен примерок го спровела агенцијата за испрашување на јавното мислење „Мекинси“. Преку 30 отсто од испитаниците имаат намера да ги избегнуваат концертите, посетите на театрите и кината и откако кризата предизвиката со коронавирусот ќе се смири и ќе попуштат мерките на ограничување на јавниот живот. А 26 отсто луѓе воопшто не сакаат да одат на такви места.

Додека се пронајде вакцина против коронавирус, 40 отсто од испитаниците има намера да ги избегнува средствата за јавен превоз – автобуси, возови, авиони…Попрво би седнале на велосипед отколку да се качат на автобус. Или ќе се возат со автомобил отколку да одат со воз.
Скоро 30 отсто од испитаниците навеле дека после ова искуство со корона, помалку патуваат и работно и приватно.

Виртуелен туризам – патување без ризик?

Овие денови сите се занимаваат со прашањето: како ќе изгледа летниот одмор? Каде ќе може да се патува и со кои ограничувања? Германските медиуми неуморно објавуваат листа на европски земји во кои Германците инаку со задовоство го минуваат годишниот одмор, со прегледите за рестрикции за патување во нив, или за нив. Германскиот министер за најдворешни работи хајко Мас се договара со претставниците на атрактивните членки на Европската унија околу тоа како да се „спаси летниот одмор“. Единствено останува прашањето: кому е моментно навистина до патување?

Туристичкaта заедница на Вела Лука во Хрватска објавува на својата страница на Фејсбук скоро секој ден прекрасни фотографии од морето, сонцето и природата. Фотографии кои прават да се чувствувате како да сте на одмор веднаш. Дали короната всушност отвори нов сектор на туризам – виртуелен туризам? Во иднина, дали ќе „трошиме“ патувања до егзотични дестинации од дневната соба, од софата, преку екранот?

Туристичкиот сојуз на Грција направи платформа која така функционира – Грција од дома. Но, сигурно не со цел еден ден да се замени виртуелниот туризам со вистински. Во Грција, историските знаменитости на отворено се повторно достапни за посетителите. Туристите од странство, сепак, во моментот не им е тоа многу корисно, затоа што по влегувањето во Грција треба да одат во 14 дневен-карантин. Сепак, Грците сметаат дека од 1 јули туризмот во нивната земја повторно ќе биде „скоро како стариот“. Дали навистина? Или е опција да се започне со наплата за виртуелни посети на Грција, кои сега се нудат бесплатно – како што веќе прават некои други понудувачи и интернет портали?

Виртуелни ординации и трибини со ликови на навивачите

Минатиот викенд, натпреварите од германската Бундес лига започнаа повторно да се играат. Пред празни трибини. Звукот изгледаше како игра да се игра на јуниорски тим на некој селски клуб. Беше, секако, сосема чудно – затоа што бевме навикнати на различна атмосфера. Што ќе се случи кога ќе се навикнеме на ова – нова реалност? А, јасно е дека со време и нашите уши и нашиот мозок ќе се навикнат на тоа. Прашањето е дали фудбалерите ќе се навикнат да имаат таканаречена „мртва стража“ на трибините, наместо навивачи?

Развојот на ситуацијата околу епидемијата на коронавирус ќе продолжи да ги одредува нашите животи и нашите навики – барем додека не се најде вакцина.

Поврзани вести

Дали ЕУ ќе го преживее коронавирусот?

Stefanija Kuzmanovska

Немате никакви симптоми, но постои начин да дознаете дали имате корона

Германски медиуми: „Бум“ на короната заради Србија, Косово и Хрватска

Влатко Зорба

Уште во 2010 година ги предвидел немирите во Америка: Овој генијалец има теорија со која може да се предвиди секој настан!

Зошто полицијата во САД е толку моќна?

Бројот на жители во светот по 2050 година ќе почне да опаѓа