АНАЛИЗИ

ДВ: Исламски паравојски се борат за Ердоган

Турската офанзива во Сирија натера десетици илјади Курди да бегаат. Од страната на Анкара, се бори шарен фронт на платеници – за некои се шпекулира дека се брутални џихадисти. Обвинувањата се тешки и не е лесно да се раздели вистината од пропагандата, пишува Дојче Веле.

Снимките од северна Сирија кружат на Интернет, на кој наводно се прикажани злосторства за време на турската воена инвазија. Во едно од видеата, може да се види како еден војник одблизу пука во човек легнат на земја. Заедно со другите борци тој вика гласно: „Свињи!“

Овие нејасни снимки од североисточна Сирија, каде се водат борбите, наводно, прикажуваат убиство на еден курдски заробеник. Автентичноста на записот сè уште не е потврдена.

„Со години во војната имало пропагандни кампањи од сите страни насочени кон обвинување на другата страна за кршење на човековите права. Ширењето на лажни вести е честа појава, но ваквите видеа секогаш е тешко да се проверат “, вели Хајко Вимен од Меѓународната кризна група во Каиро.

Во пограничниот град Рас ал Аин, сириските бунтовници поставија контролен пункт на главниот пат. Курдската политичарка Херин Калаф, генерален секретар на партијата Иднината на Сирија, и нејзиниот возач, наводно, биле запрени и убиени таму.

Според наводите на воениот совет СДФ, убијците се членови на сириските трупи кои и помагаат на Турција. Ова се поранешни борци на Слободната сириска армија (ССА) кои некогаш контролирале значителни делови од Сирија. „Ова се остатоци од ССА, која сега е целосно под турска контрола и со години беше финансирана од Анкара“, вели Вимен.

Никој не може да го утврди точниот состав на овие групации. Еден дел им се придружи на исламистите за време на војната, а другиот дел е поумерен.

„Турција ги обучува и опремува овие борци од 2016 година. Тие се надеваат дека ќе го ослободат делот од Сирија што е контролиран од режимот на Асад“, додава тој.

Брутални паравојски

На снимката, на која се гледа како вооружени лица претресуваат празно возило со унишени прозорци, се слушаат зборовите „Национална војска“ и „султан Мурат“. Во „Националната армија“, основана од Турција, се борат и припадници на сириската паравоена формација „Султан Мурат“.

Овие претежно исламистички групи се познати по својата бруталност уште од освојувањето на курдскиот регион Африн. Анкара ги ангажираше минатата година. Оттогаш Обединетите нации и организациите за човекови права ги обвинија бунтовниците за повеќе воени злосторства.

Припадниците на т.н. милиција „Ахрар ал-Шаркиа“ (Слободни мажи на Истокот) се особено познати: тие беа основани пред три години од поранешни паравоени сили поврзани со Ал Каеда.

Во секој конфликт, има паравоени трупи кои не подлежат на строга воена дисциплина и не се обучени како војници, вели Вимен.

„Тие секогаш се првите што ги кршат човековите права. Многу е проблематично тоа што Турција ангажира вакви луѓе “.

Сепак, од гледна точка на домашната политика, и помага на Турција да ја оправда офанзивата затоа што турски војници не се убиваат. Така, подобро е да се „продаде“ воениот ангажман во северна Сирија, објаснува Вимен.

Оддшика за Исламската држава

Турските власти во неделата тврдеа на Твитер дека нивните трупи навлеголе 30 километри во Сирија. Турската новинска агенција „Анадолија“ објави дека турската армија и нејзините сојузници, по тешките борби со Курдите, го окупирале центарот на пограничниот град Тал Абџад.

Невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија објави дека градот бил скоро целосно под турска контрола. Во Рас ал Аин сè уште се водат борби.

Токму овој хаос и дава простор на Исламската држава да се одмори. Притисокот врз оваа терористичка милиција се намалува: Членови на ИД го искористија моментот во неделата и избегаа од притворот во Рас ал-Аин.

Поврзани вести

Витамин Д и короната: Волшебен лек или залудна надеж?

Доктор Роберт Торе: Немојте да се сожалувате и немојте да се надевате

Бегалците во време на коронавирусот – каква игра играат Грција и Турција?

Stefanija Kuzmanovska

Што може да направи Панцир-С1?

Stefanija Kuzmanovska

Која е позадината на конфликтот во Нагорно Карабах?

Stefanija Kuzmanovska

ДОСТА БЕА ТЕООРИИ НА ЗАГОВОР! Ова е вистината за Бил Гејтс и вакцините