АНАЛИЗИ

Ердоган и децата бегалци

Обидот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да изврши притисок врз ЕУ со новиот бран бегалци нема никаква врска со децата во бегалските кампови на грчките острови. ЕУ одамна можеше да помогне таму, смета Барбара Везел, објави „Дојче веле“.

Не е познато што точно ја поттикна германската владејачка коалиција да донесе одлука за прифаќање на дел од децата бегалци од грчките бегалски кампови. Токму тоа, пред само неколку недели, беше целосно отфрлено од германскиот министер за внатрешни работи Хорст Цехофер на средбата со неговите европски колеги.

Но бегалските кампови на грчките острови постојат уште од бегалската криза во 2015 година. Тогаш тоа се сметаше за привремено решение. Пет години подоцна, тие прераснаа во големи рушевини кои би претставувале срам и за секоја земја од трет ранг.

Во Европа никој не се чувствува одговорен

Но во европските главни градови никој не се чувствува одговорен. Откако Грција беше прогласена за последна станица за бегалци на источната медитеранска рута и откако беше склучен договор за реадмисија со Турција, се чини како тоа прашање да е решено за ЕУ.

Европската унија префрли стотици милиони евра помош во Атина, нуди поддршка на лице место и сега на располагање испрати дополнителни 350 милиони евра. Тоа треба да биде доволно за да се обезбедат нормални услови за живот за околу 70.000 бегалци во Грција. Исто така, има бројни добротворни организации кои работат во бегалски кампови и се грижат за медицинска нега, облека и други работи.

Спасете ги децата конечно!

Но доколку сега во Германија повторно е дозволена хуманост во мали дози – тогаш, направи нешто конечно: извлечете ги од таму децата и младите кои се без придружба дури и ако се постари од четиринаесет години, и ако не се болни. Сето ова можеше да се направи уште пред неколку години – но подобро да се случи сега отколку никогаш!

Поврзани вести

Шест скриени симптоми на коронавирус кои се јавуваат покрај треска, губење на мирис и кашлица

Како ќе работиме по крајот на епидемијата: Нема ракување, помалку состаноци, маски на работното место…

ДВ: Исламски паравојски се борат за Ердоган

Влатко Зорба

Ова се бизарните работи кои слугите ги извршуваат за кралицата Елизабета Втора

Вториот бран на коронавирус во Европа е неизбежен. Кога можеме да го очекуваме?

Stefanija Kuzmanovska

Заразените кои немаат симптоми може да ја пренесат короната