АНАЛИЗИ

Годишнина од независноста на Косово: Каде беа денешните лидери пред 12 години

Денешните политички лидери на Србија и Косово пред дванаесет години воглавно беа на различни позиции од оние на кои се сега, пишува Би-би-си.

На 17 февруари 2008 година, косовското собрание донесе Декларација за независност, со која Приштина еднострано прогласи одвојување од Србија.

Српскиот парламент ја поништи оваа одлука, но тоа не ги спречи низата меѓународни признанија што следуваа.

Би-би-си ве потсетува со што се занимаваа актуелните претседатели и премиери на Србија и Косово во 2008 година.

Претседателот на Србија – Александар Вучиќ

Во времето кога Косово прогласи независност, сегашниот лидер на Српската напредна партија беше генерален секретар на Српската радикална партија.

Претседателот на Косово – Хашим Тачи

Хашим Тачи на 17 февруари 2008 година беше Премиер на Косово и во говорот во косовското собрание ја претстави Декларацијата за независност на светот.

„Од денес Косово е гордо, независно и слободно, порача Тачи во говорот што во Приштина се смета за историски.

Премиерката на Србија – Ана Брнабиќ

Со магистерска диплома од британскиот универзитет Хал, Ана Брнабиќ имала 33 години за време на еднострана декларација за независност на Косово.

Во официјалните биографии, таа наведува дека во тој период работела на проекти на Америчката агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Премиерот на Косово – Албин Курти

Со малку подолга, карактеристична црна коса и во џемпер наместо денешните одела – така се појавува Албин Курти во документарниот филм на австриска продукција снимен во годината на едностраното прогласување независност на Косово.

Продуцентите го избраа за претставник на алтернативната политичка сцена, па тогаш 33-годишниот лидер на движењето „Самоопределување“ се појавува во кадрите со млади членови на движењето кои ги подготвуваат летоците на оваа организација.

Во тоа време, Курти протестираше и на улиците, водејќи протести на „Самоопределување“ кои често завршуваа со судири со полицијата, апсења и голем број повредени.

Самиот Курти беше уапсен една година пред прогласувањето на независност на Косово, за време на протестите на 10 февруари 2007 година, во кои беа убиени двајца демонстранти.

Тој првично беше приведен до јуни истата година, а потоа беше префрлен во куќен притвор, па осуден на девет месеци затвор.

Поврзани вести

Дали лудиот шведски модел против корона ги даде резултатите?

Најбогатите Руси веќе ја примиле вакцината против корона

Најчесто поставувани прашања за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Што го прави Сингапур толку успешен во борбата против коронавирусот?

Stefanija Kuzmanovska

Ова се бизарните работи кои слугите ги извршуваат за кралицата Елизабета Втора

Русија ќе биде прва во светот која ќе одобри вакцина за Ковид-19