АНАЛИЗИ

ИЗБОРИ 2020: Партиска визија за дигитална Македонија, чија понуда ќе победи?

Институтот за развој на електронски комуникации, воочи изборната кампања и предвремените избори за избор на пратеници во Македонското Собрание, спроведе анкета помеѓу гласачите и ги спореди изборните програми на двете најголеми македонски партии: владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Споредбата е во делот на програмската понуда и визија за дигитализација, политики во областа на електронските комуникации, како и политики во сферата на реформи на медиумите.

Изборната програма на СДСМ и коалицијата го носи насловот „Можеме“ и е на 268 страници. Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го носи насловот „Проект Обнова на Македонија“ и е на 340 страници.

Во анализата се опфатени само деловите кои се однесуваат на медиумите и развојот на електронските комуникации, како и на дигитализацијата која доведува до дигитална трансформација на општеството.

Дополнително, Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ во периодот од 30.6 до 05.07, за сопствени потреби, спроведе онлајн истражување на јавното мислење – преку електронска анкета на платформата „Гугл Формс“.

Нарачател и извршител на анкетата е Институтот ИНРЕКОМ, со максимален ангажман во поглед на спречување на злоупотреби и двојно гласање преку заштитните механизми кои ги нуди самата платформа развиена од Гугл.

Линк до целосна анализа и резултати од анкетата.

Поврзани вести

Три недели откако се излекувале од Ковид-19 луѓето чуствуваат тегоби и тврдат дека не се добро

Оваа жена е добитничка на Пулицеровата награда и ја предвиде короната: Сега открива што ни следува

Од каде насилство на германските улици?

Корона-диктатурата на Вучиќ во Србија

Влатко Зорба

Можно е во голема мерка да е преценета стапката на смртност од коронавирус

Влатко Зорба

Зошто вирусот ги заобиколи Јапонците? (ВИДЕО)