АНАЛИЗИ

Јавен превоз во Луксембург: Бесплатен превоз, но по која цена

По повеќемесечното подигање прашина, во Луксембург конечно започна да се користи бесплатен јавен превоз, пишува Би-би-си.

Со околу 614.000 жители, Луксембург веројатно е една од најмалите земји во Европа.

Но кампањата за „бесплатна мобилност“ ја разбуди имагинацијата на многумина. Автобусите, трамваите и возовите сега се движат слободно, а за нив не ви треба билет.

Една од целите е да се намали сообраќајниот метеж, но критичарите на тоа гледаат само како на ПР трик.

Едно од прашањата е дали бесплатниот јавен превоз навистина ќе биде бесплатен.

Колку чини сето тоа?

Патувањето со јавниот превоз ќе биде бесплатно за сите државјани и посетители, освен за патниците од прва класа во возовите.

Проектот ќе чини 41 милион евра во загубени приходи од билет, но тоа ќе го надоместат даночните обврзници.

„Секако, само затоа што го нарекувам бесплатен превоз, тоа не значи дека никој не го плаќа“, вели Бауш, член на зелената партија на Луксембург Деи Гренг.

Вкупните трошоци за водење јавен изнесуваат повеќе од 500 милиони евра, така што владата загубата во приходите од билети ја гледа како релативно мала.

Вработените во јавниот превоз нема да ги загубат своите работни места.

Зошто е потребно да се направи тоа?

Владата има неколку причини:

– станува збор за социјална мерка која повеќе ќе удри по џебот на поголемите даночни обврзници отколку на другите

– сака да ги отстрани автомобили од патиштата – Луксембург има повеќе автомобили на илјада луѓе од која било друга земја во ЕУ

– сака во рок од пет години да има 20 отсто повеќе патници во јавниот превоз

– ќе го привлече вниманието на жителите на Луксембург на еколошките проблеми на нивната земја

– сака да инвестира во сообраќајната мрежа за да се справи со веќе големиот пораст на бројот на патници.

Дали ќе се подобри инфраструктурата во Луксембург?

Една од клучните цели е да се подобри јавниот превоз, со ветување од четири милијарди евра за возовите меѓу 2018 и 2027 година.

Владата проценува дека бројот на корисници на превоз ќе се зголеми за 20 отсто во текот на следните пет години, а проширената трамвајската мрежа и автобусите ќе успеат да се справат со тоа.

Поврзани вести

Тие го „срушија“ Трамп: На мажите економијата им беше поважна, но жените се свртеа кон Бајден

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирус: Кој е особено загрозен?

Stefanija Kuzmanovska

Невообичаени мерки што некои земји ги преземаат против КОВИД-19

Stefanija Kuzmanovska

Дали ова е крајот на Путин? Заминувањето на еден од најмоќните лидери во светот е поблиску отколку што се мисли

„Ковидиот“ е нов македонски збор и сите знаете барем еден таков

Влатко Зорба

Наследството од Мубарак и понатаму го мачи Египет

Stefanija Kuzmanovska