АНАЛИЗИ

Како ќе работиме по крајот на епидемијата: Нема ракување, помалку состаноци, маски на работното место…

Во светот се размислува за олеснителни мерки што може да се воведат за да се спречи ширењето на коронавирусот. Како ќе изгледаат работните места кога економиите повторно ќе се рестартираат?

Еве што да очекувате во тој контекст:

Нема ракувања, помалку состаноци

„Ракувањата и понатаму се out“, рече неодамна Том Фриден, поранешен директор на американскиот центар за контрола и превенција на болести. Во исто време, администрациите ќе треба да започнат да размислуваат за практични мерки.

„Можеме ли да дизајнираме врата што не мора да се отвора со допир? Дали треба да ја измериме температурата на луѓето кога влегуваат?“ Фридeн се запрашал.

Дезинфекција за раце и маска

Дезинфекцијата за рацете ќе стане нормална работа. Може да се очекуваат мерки во насока на избегнување на пренатрупаност на заедничките простории, како и дека компјутерите и телефоните повеќе нема да бидат заеднички.

Употребата на маски ќе се поттикнува, а некои фирми веројатно ќе им обезбедат на своите вработени.

Супермаркетите веќе го ограничуваат бројот на луѓе што можат да влезат во нив во исто време, поставуваат пластични бариери меѓу купувачите и продавачите и бараат почитување на дистанцата, така што може да се очекува и во кафулињата тоа.

Работодавците би можеле да ја охрабрат работата од дома или да договорат работниците да пристигнат во различни работни часови или во различни денови, со што ќе се намали бројот на состаноци.

„Едно од позитивните ефекти на Ковид-19, се надевам, ќе има помалку состаноци. Досега едноставно имало премногу“, рече Фриден.

Повеќе боледувања

Американскиот епидемиолог Брендон Браун вели дека во иднина ќе се поттикнува, наместо да се обесхрабри, да се остане дома кога вработените се болни.

Америка има неверојатно брутална работна култура, меѓу другото затоа што нема задолжително боледување на сојузно ниво.

Последица од тоа е што луѓето доаѓаат на работа и кога се болни. Според истражувањето во октомври 2019 година на 2.800 работници, точно една третина секогаш доаѓаат на работа, без разлика дали се болни или здрави.

Работата од далечина ќе стане вообичаена за многумина, особено затоа што изолацијата покажа дека тоа е изводливо.

„Поради принудноста да останеме дома, сфативме дека физичките состаноци не се секогаш неопходни. Отсега треба да преовладуваат виртуелни“, вели Браун.

Клозетските капаци и подобри одводи

На работните места сепак ќе треба редовно и темелно миење на рацете.

Површини кои често се допираат ќе се чистат почесто. Ќе треба да се посвети поголемо внимание на тоалетите и канализациите бидејќи постојат докази дека коронавирусот може да се пренесе и со измет.

Во неодамнешната студија објавена во Лансет, се препорачува „да не се игнорираат необјасниви миризби во тоалетите, бањите, кујните“ и да се подобрат „колената“ на одводите кои спречуваат проток на отпадни гасови.

Еден чекор напред кон намалување на ризикот, исто така, може да биде испуштање вода во школката со спуштен капак. Имено, млазот може да испушти 80.000 контаминирани капки во воздухот, кои можат да останат таму со часови, откри студија од Хонг Конг.

Звучи неверојатно, но тоалетите на многу работни места немаат клозетска даска, што ќе треба да се смени.

Поврзани вести

Зошто Русија го осуди Пол Вилан?

Влатко Зорба

„Њујорк Тајмс“: Коронавирусот и Американците придонесоа за паѓање на владата на Курти

Stefanija Kuzmanovska

Зошто на Истокот на Европа има помалку заразени од Ковид-19 отколку на Западот?

Бугарски новинар: Сега не е време за нов спор, Бугарија не треба да биде новата Грција за Македонија

За спас на планетата треба да работиме помалку?

Коронавирус: Може ли да се заразите од починато лице?