АНАЛИЗИ

Како принцот Чарлс заработува на мртви Британци

Принцот Чарлс, верувале или не, заработува пари на мртви Британци! Имено, неколку милиони фунти, „наследени“ од починати граѓани кои не оставиле тестамент, „легнуваат“ на кралската сметка на принцот за само една година.

Кога некој ќе умре во Велика Британија, и не остави тестамент, сè што поседувал, целиот свој имот и пари, оди кај принцот од Велс. Така, на годишно ниво, најстариот син на кралицата Елизабета, ги зголемува годишните приходи за околу 20 милиони фунти.

Закон стар неколку векови

Повеќевековното правило што се применува во Велика Британија, му овозможило на Чарлс да се збогати само од „наследства“ на луѓето кои немаат роднини на кои би го оставиле својот имот.

Од април 2019 година до крајот на минатата година, наследникот на британскиот престол „наследи“ вкупно 868.000 фунти само од жителите на Корнвол, кои починале и не оставиле тестамент. Исто така, правилото што се применува во Велика Британија, не е само за починатите без семејство, туку и за уништени фабрики, кои предаваат сè што имаат, по престанокот на работата, на принцот.
Дополнителни 201.000 фунти биле депонирани на негова сметка помеѓу јануари и крајот на минатата година, а уште во март 2020 година, вкупниот годишен приход на принцот од имотот и парите на луѓето кои починале без тестамент бил поголем од 22 милиони фунти.

Парите од жителите на Корнвол кои умираат без тестамент и кои немаат роднини, одат за Чарлс благодарение на „Законите што управуваат со ненаследениот имот“, а законот датира од времето на кралот Вилијам IV, пишува Телеграф.

Дел од „наследеното“ богатство оди во хуманитарни цели

Иако неискористените богатства низ голем дел од Англија и Велс на крајот стануваат сопственост на круната, „принцот Чарлс, како војвода од Корнвол, ги задржа дел од тие пари и им врати дел на сите претходно неидентификувани роднини кои подоцна ќе можат да го побараат своето наследство“.

Еден дел од тоа богатство на крајот се пренесува на хуманитарните фондови, установи и институции во Корнвол и во југозападниот дел на земјата.

Короната ги намали кралските приходи

И додека принцот заработува најголем дел од своите пари со тоа што е „сина крв“, но и со поседување на Корнвол, тој сега се соочува со „огромно намалување“ на неговите приходи затоа што следната година тие ќе бидат десеткувани заради огромните последици што кризата со коронавирус ги има врз економијата.

„Финансискиот удар дури може да влијае на можноста на принцот да го поддржи луксузниот живот на принцот Хари и Меган во Лос Анџелес“, велат некои британски аналитичари.

Поврзани вести

Невообичаени мерки што некои земји ги преземаат против КОВИД-19

Stefanija Kuzmanovska

Научниците стравуваат дека загадувањето на воздухот може да влијае на нови бранови на коронавирус

Топ 10 земји кои први ќе се извлечат од коронавирус: Еве каде е Македонија

Шведска покажа како да не се бориме против коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Како Макрон и Орбан ја тресат Европа?

Влатко Зорба

Коронавирусот го промени идентитетот на Милано

Stefanija Kuzmanovska