АНАЛИЗИ

Короната го разорува организмот: Последиците се чуствуваат долго

Пациентите кои прележале корона сепак имаат сериозни последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болки во мускулите, некои би спиеле цел ден, а за некои е голем напор да се искачат само на еден кат од скалите, пишува онлајн магазинот „Јуроп тудеј“.

Лекарите од клиниката „Џемели“ во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, спровеле истражување на над 150 пациенти кои прележале инфекција со коронавирус, пренесува Танјуг.

Од анкетираните, 87 проценти потврдија дека имаат барем еден од пост-ковидните симптоми, најмногу прекумерен замор, проблеми со дишењето, некои имаат психолошки проблеми и голем број на пациенти покажаа знаци на посттрауматско стресно нарушување по закрепнувањето.

Сите испитаници пријавиле проблеми со апетитот и намалена мускулна маса.

„Ковид19 е нова болест и ги знаеме симптомите засега, но малку се знае за последиците, и токму затоа ова истражување, прво од ваков вид, е многу важно“, вели Анџело Карфи.

Авторите на истражувањето истакнуваат дека има една добра работа: не се потврдени стравувањата на лекарите дека болеста ќе остави трајни последици врз белите дробови, црниот дроб, очите и срцето.

За пациенти кои биле лекувани во одделите за интензивна нега и биле подложени на оксигенација, лекарите препорачуваат редовно да проверуваат неколку внатрешни органи, проследено со долг период на физичко и психичко закрепнување.

Поврзани вести

Реизборот на Трамп се понеизвесен

Влатко Зорба

Најбогатите Руси веќе ја примиле вакцината против корона

Поради „себичните“ граѓани, САД имаат 5 милиони заразени

Влатко Зорба

ДОСТА БЕА ТЕООРИИ НА ЗАГОВОР! Ова е вистината за Бил Гејтс и вакцините

Шведски епидемиолог: Бројот на случаи опаѓа, сепак сме во право

Stefanija Kuzmanovska

Маки на туристите во Шпанија: Одат на море здрави, се враќаат со корона

Stefanija Kuzmanovska