АНАЛИЗИ

Короната ја уништи туристичката сезона во Грција

Туризмот е столбот на грчката економија. Но, поради пандемијата на коронавирус, сè пропадна, се жалат локалните туристички работници. Тоа е катастрофа за целата земја, на која и се заканува сценарио полошо од финансиската криза.

„Вакво нешто како Халкидики е уникатно“. Ова го велат во Солун, укажувајќи на прекрасните плажи, зелени шуми и тиркизно море.

Но, погледот на Псакудија во северна Грција може да излаже. Плажите се полни за време на викендите, но тие не се странски гости кои плаќаат – туку Грци.

„Никој во селото не е заразен“

Средината на август е шпиц сезоната на годишните одмори во Грција. Потоа улиците на големите градови се релаксираат, а слободните денови се минуваат колективно на море.

„Ние во селото немавме ниту еден случај на инфекција со коронавирус, но и покрај тоа, никој не дојде“, се жали Мелиса, сопственик на бар на плажа.

Вели дека во однос на минатата година, бизнисот опаднал за 80 проценти. Сепак, таа се обидува да остане оптимист: „Секој тука му помага на секо. Се надеваме дека ќе ја преживееме зимата, барем оваа година. А што носи следната – не знам“.

Прво „црна овца“, потоа модел за имитација

Брзата реакција на грчката влада во март и април го намали ширењето на вирусот на минимум. Грците можеа да бидат горди. Сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус беа спроведени со многу трпеливост: се носеа маски, се одржуваше физичко растојание во супермаркетите, луѓето остануваа дома.

Министерот за развој, Адонис Георгиадис, рече дека Грција стана модел за имитација од „црните овци“ на Европа. Меѓународниот печат ја опиша Грција како омилена дестинација на туристите за време на корона-летото.

Но, кога аеродромите беа делумно отворени за меѓународен воздушен сообраќај на 1 јули, обично полните простории за чекање останаа празни. Реките на туристи беа отсутни.

„Дојдовме и покрај короната“, вели една жена од Берлин додека седи на плажа со двајца пријатели. Таа не дозволила да се плаши од проблемите околу влегувањето во земјата. „Сè мина без проблеми на аеродромот“.

Втор бран на инфекција во Грција?

Но, навистина имаше компликација. За да влезат во Грција, т.н. QR код се користи за регистрација на патници. На почетокот на јули, многу туристи не беа информирани. Други велат дека имале проблеми да пополнат електронски образец за влез.

Најдраматична е состојбата на границите со соседните земји, Бугарија и Албанија. Луѓето чекаа на границите неколку дена.

„Платив сто евра за тест за антитела“, вели турист од Бугарија, кој пристигна во Переа во северна Грција пред пет дена. Но, на границата требаше да го тестираат уште еднаш и тогаш тој мораше да остане во хотелот 24 часа. Грците многу се плашеа дека туристите ќе донесат ковид 19 во земјата.

Но, сега, како и во другите земји, бројот на заразени расте во Грција. Се чини дека нема никаква врска со туристите. Во соопштението од Аристотелскиот универзитет во Солун се вели дека зголемувањето на бројот на зарази било забележливо уште пред да се отворат границите.

Молба до младите

Во меѓувреме, баровите и рестораните во Солун мора да се затворат на полноќ. Владата особено ги моли младите да го сфатат сериозно вирусот и да не ги запоставуваат нивните здравствени ризици во текот на летото.

„Не бидете виновни за заразување на вашиот сосед“, им се обрати премиерот Киријакос Мицотакис на Твитер на своите сограѓани.

„Зимата ќе биде тешка“

Но, многу Грци имаат и други грижи – економски. И тие се поголеми од стравот од короната. Григорис Тасиос, претседател на грчкото здружение на хотелиери, исто така го знае тоа. И неговиот хотел во Псакудија е празен оваа година. Тој значително ги намали цените, но туристите сè уште не дојдоа.

„Капацитетите се исполнети од 30 до 35 проценти. Се чини дека е подобро во август, затоа што имаме повеќе туристи од самата Грција“. Сепак, короната предизвика огромна штета на туризмот во Грција.

„Ние сметаме на загуба од 15 милијарди во однос на 2019 година, кога приходите од туризам беа 18 милијарди евра“, вели Тасиос.

Во 2019 година, туризмот наполни 20% од бруто домашниот производ на Грција. Затоа, многу Грци со право стравуваат за својот опстанок. Останува да се види дали пакетот помош од Европската унија од 750 милијарди евра – од кои 32 милијарди е наменет за Грција – ќе помогне во компензацијата на огромните загуби, а не само во туризмот.

Едно е сигурно: ако следната година не донесе значителни подобрувања, може да има такви последици што би ја засениле дури и финансиската криза од 2010 година.

Поврзани вести

Вториот бран на коронавирус во Европа е неизбежен. Кога можеме да го очекуваме?

Stefanija Kuzmanovska

Пет најлуди теории на заговор за коронавирусот во кои веруваат и многу луѓе во Македонија

Како Лукашенко ги украде ИЗБОРИТЕ и се обиде да го измами народот?

Stefanija Kuzmanovska

Цела Европа премина на шведскиот модел, но тоа не го признава?

Александар Петровски

Научниците не се сигурни дали коронавирус може да се добие двапати

Справување со коронавирусот: Дали навистина функционира социјалната изолација?