АНАЛИЗИ

Коронавирус: Австралиските научници открија како имунолошкиот систем се бори со заразата

Научниците во Австралија тврдат дека откриле на кој начин човечкиот имунолошки систем се бори против новиот коронавирус, пренесува Би-би-си.

Нивното истражување, објавено во списанието Nature Medicine, покажува дека луѓето од новиот вирус се опоравуваат на ист начин како и од грипот.

Издвојувањето на клетките на имунолошкиот систем кои организмот ги произведува додека се бори против вирусот, исто така, би требало да помогне во пронаоѓањето на вакцината, велат експертите.

„Ова откритие е важно затоа што за првпат прецизно гледаме како имунолошкиот систем се бори против новиот вирус“, вели професорката Кетрин Кеџиерска, еден од авторите на студијата.

Што е откриено?

Многумина се опоравија од новиот коронавирус – што значи дека веќе е познато дека имунолошкиот систем може успешно да се избори со него.

Но ова е првпат со истражување да се утврдат четири типа на клетки на имунолошкиот систем кои се борат против болеста Ковид-19.

Клетките биле набљудувани кај лице кое имало благи до умерени симптоми на вирусот, а претходно немало други здравствени проблеми.

Три дена пред да се подобри состојбата на пациентката, во нејзината крв биле забележани специфични клетки. Кај пациенти со грип, истите клетки се појавуваат во приближно исто време пред закрепнувањето, вели професорката Кеџиерска.

„Бевме многу возбудени поради резултатите кои ги добивме, како и поради фактот дека успеавме да ја издвоиме шемата на одговор на имунолошките клетки кај пациентот пред да се подобри клиничката слика“, вели професорката на Би-би-си.

Како помага ова?

Одредувањето на моментот кога ќе се појават клетките на имунолошкиот систем може да помогне во „предвидување на текот на болеста“, вели професорот Брус Томпсон, здравствен експерт на Универзитетот за технологија во Свинбурн.

„Кога ги знаете шемите на различните одговори, можете да предвидите во која фаза од опоравувањето од вирусот сте“, изјави Томпсон за Би-би-си.

Австралискиот министер за здравство Грег Хант вели дека ова откритие исто така може да помогне побргу да се пронајде вакцината и потенцијалните терапии за заразените.

Поврзани вести

Јакнењето на Исламска држава во сенка на короната

Од една работа зависи дали ќе развиете потежок облик на Ковид-19

Александар Петровски

Ако Навални умре, тоа ќе биде почеток на крајот на Путин

Влатко Зорба

Немате никакви симптоми, но постои начин да дознаете дали имате корона

Кој е трикот за успешната борба на Тајланд со коронавирусот?

Влатко Зорба

Белорусија: Единствената земја во Европа која не е загрижена за пандемијата од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska