АНАЛИЗИ

Коронавирус и Италија: „Како и во секоја војна, избираме кои пациенти ќе ги лекуваме“

Лекарите во Италија се наоѓаат во првите редови на борбата против коронавирусот и велат дека мораат да бираат на кои пациенти ќе ги спасат животите, пренесува Би-би-си.

Во Италија стотици луѓе умираат секој ден, а болниците немаат доволно кревети за сите пациенти кои пристигаат.

„Ако некое лице на возраст меѓу 80 и 95 години има сериозни респираторни проблеми, малку е веројатно дека како лекар ќе продолжите со лекувањето. Тоа е страшно, но вистина е. Ние не сме во состојба да се обидеме да го направиме она што вие би го нарекле чудо“, вели Кристијан Салароли, шеф на интензивна нега во болницата во Бергамо во Ломбардија, северна Италија.

Зошто лекарите во Италија мораат да одлучуваат за животот или смртта на пациентите?

Тежок избор

Во Италија досега 59.138 лица се заразени со коронавирусот, а починаа 5.476. После Кина, оваа држава е најтешко погодена од заразата.

Според податоците на Обединетите нации, Италија има второ највисоко просечно најстаро население во светот, по Јапонија. А тоа значи дека голем број луѓе се изложени на опасност сериозно да се разболат.

Претходно овој месец, италијанското здружение на анестезиолози им препорача на лекарите кои пациенти би требало да добијат кревети во болниците на одделите за интензивна нега.

На лекарите и медицинскиот персонал им се советува да направат „тежок избор“ и да се фокусираат на пациенти кои имаат поголеми шанси побрзо да закрепнат.

„Здружението не советува една група пациенти да се третира поинаку од друга. Напротив, вонредните околности ги принудуваат лекарите да го насочат вниманието кон лекување на оние кои можат да имаат најголема корист“, се наведува во соопштението на здружението.

Ситуацијата почнува психолошки да влијае на лекарите

Доктор Салароли за весникот „Кориера дел Сера“ изјавил дека ситуацијата почнува психолошки да влијае на лекарите, бидејќи тие се емотивно скршени поради изборите кои мораат да ги направат секојдневно.

„Во такви ситуации може да најде и шеф на болницата и млад доктор кој штотуку започнал да работи. Тие мораат да одлучат за судбината на човечко суштество. Повторувам, станува збор за многубројни случаи. Сум видел медицински сестри со 30-годишно искуство како плачат, колеги и колешки како се тресат“, истакнува тој.

Поврзани вести

Колку е ефикасна вакцината на Путин и кои се нејзините конкуренти?

Влатко Зорба

Дали Меркел ќе го казни Путин поради труењето на Навални?

Влатко Зорба

Како Америка планирала да го замолчи Асанж

Проф. Д-р Наумова: Колективните кризни состојби не водат автоматски до психолошка апокалипса

Stefanija Kuzmanovska

Избори во САД: една земја, два света

Stefanija Kuzmanovska

Европски суд на правда: Полска, Унгарија и Чешка го прекршуваат законот на ЕУ заради бегалците

Stefanija Kuzmanovska