АНАЛИЗИ

Коронавирус: Тедрос Аданом Гебрејесус – човекот во центарот на борбата против заразата

Мора да биде голем предизвик да се биде на чело на Светската здравствена организација (СЗО) за време на коронавирусот. Целата планета го следи секој ваш збор, секојдневно одржувате прес-конференции во седиштето во Женева, каде изнесувате детали за се поголемиот број случаи во се поголем број држави, објавува Би-би-си.

Тоа е судбината на Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на СЗО што ја презеде таа должност пред две и пол години, ветувајќи дека ќе ја реформира организацијата и ќе се бори против болестите кои убиваат милиони луѓе секоја година: маларија, мали сипаници, детска пневмонија и ХИВ/СИДА.

А сепак, иако СЗО несомнено напорно работи во борбата против тие болести, за време на мандатот на д-р Тедрос најпрво доминираше ебола во Демократската Република Конго, а сега и Ковид-19.

И двете се прогласени за јавна здравствена закана од меѓународно значење.

„Шармантен и непретенциозен“

Тоа значи дека овие болести бараат дваесет и четиричасовен надзор, ангажирање медицински персонал, опрема и лекови, секојдневни состаноци со погодените држави и државите кои би можеле да бидат погодени и, се разбира, постојан извор на проверени информации за нетрпеливата јавност која очајно сака што побрзо да добие одговори.

„Шармантен“ и „непретенциозен“ се некои од зборовите што ги користат оние кои го познаваат за да го опишат овој педесет и петгодишник.

На неговите први прес-конференции како генерален директор на СЗО, новинарите во Женева беа малку збунети од неговиот настап.

Тој влезе со насмевка, седна и започна опуштено да разговара со толку тивок глас што на моменти беше тешко да се чуе што зборува. Тоа беше голема промена во однос на неговиот поформален претходник, Маргарет Чен.

А сепак, зад тој спокоен став мора да има многу одлучен човек.

Сомнежот за смртта на неговиот брат од мали сипаници

Д-р Тедрос е роден во 1965 година во Амсера, која стана главен град на Еритреја откако во 1991 година се стекна со независност од Етиопија и пораснал во северна Етиопија.

Едно од искуствата кои го обликувале, а денес го мотивира, била смртта на неговиот помлад брат, кој починал кога имал околу четири години, изјави тој за „Тајмс“ во ноември.

Подоцна, како студент, д-р Тедрос започнал да се сомнева дека неговиот брат починал од мали сипаници.

„Не го прифатив тоа; не го прифаќам тоа ни денес “, рече тој, додавајќи дека не е фер дете да умре од одредена болест само затоа што е родено на погрешно место.

„Сите патишта треба да водат кон универзална здравствена заштита. Јас нема да се смирам додека не го постигнеме тоа “, рече тој пред Светскиот здравствен совет пред да биде избран за шеф на СЗО.

„Бедното финансирање на СЗО“

Во моментов, среде глобална епидемија на целосно нов вид на вирус, неговото расудување се доведува во прашање.

Некои сакаат да прогласи пандемија, други, меѓу кои високи функционери на СЗО, посочуваат дека ова е само збор и дека таа објава нема да ја промени стратегијата за запирање на болеста.

Професорот Гостин смета дека за време на кризата со коронавирусот, д-р Тедрос стана „симбол на лидерството“. Но, тој предупредува дека „фундаменталните слабости на СЗО сè уште се присутни, вклучувајќи го и слабото финансирање на оваа организација“.

Поврзани вести

Смртта на Џорџ Флојд: Како се применува законот врз Афроамериканците

Stefanija Kuzmanovska

Научници открија како да препознаете заразен со корона без симптоми!

Александар Петровски

Коронавирус: Неуспехот на Шведска

Скандалите на Трамп веќе не се вест

Александар Петровски

Луѓето кои ги пијат овие лекови имаат двојно повеќе шанса да се заразат со коронавирус

Александар Петровски

Како Путин ги користи теориите на заговор на Трамп за да ја зајакне Русија и да ја ОЦРНИ Америка?

Stefanija Kuzmanovska