АНАЛИЗИ

Коронавирусот го промени идентитетот на Милано

Иако Италија беше меѓу првите европски земји што ги воведе сите можни забрани и ограничувања од Кина, коронавирусот сепак пристигна во Европа во последните денови од февруари и како своја прва дестинација ја одбра токму Италија. Единаесет општини и градови во северна Италија, каде беа забележани најголем број заразени лица, беа ставени во карантин, а градот Милано под специјален надзор, објави „Алџезира Балканс“.

Ограничувања поради можна пандемија

Оттогаш, во целиот регион Ломбардија, чиј главен град е Милано, се затворени сите училишта, музеи, театри, кина, забранети се јавни собири и посети на стадиони, а сите поголеми настани кои собираат повеќе од половина милион туристи од целиот свет се откажани.

Со воведувањето на ваквите мерки, Милано станува метропола во која животот запре. Неговите улици се празни, неговите метро станици останаа без луѓе кои постојано некаде брзаат.

Стравот, неверувањето и хистеријата во многу краток рок заменија сè со што Милано отсекогаш можел да се пофали.

Од празни бутици до ресторани и хотели без гости

Излозите во познатата шопинг зона „Виа Торино“, улица каде што се наоѓаат сите продавници на глобалните модни брендови, како „Зара“, „Манго“, „Бенетон“ и многу други брендови, останаа недопрени деновиве, без купувачи и вообичаени гужви.

Виа Торино е исто така улица полна со кафулиња и ресторани. Дури и во периодот за време на ручек, кој во Италија трае од 13 до 15 часот, има многу малку, или пак нема воопшто гости.

Исто така, коронавирусот влијае и врз туризмот.

„Главната туристичка сезона во Милано трае од февруари до јули, а ние веќе сега имаме пад на посетеност од туристи од над 90 отсто“, вели Филип Мијаиловиќ кој се занимава со изнајмување станови.

Одговорност, но и надеж за нормализирање на состојбата

Во секој случај, Милано е непрепознатлив град, а ситуацијата во која се наоѓа е надреална, оставајќи ги повеќето луѓе збунети и исплашени. Градските власти, во надеж дека животот ќе се врати во нормала што е можно поскоро, ја започнаа кампањата #milanononsiferm (Милано не се запира).

Од друга страна, властите на регионално ниво, поради се поголемиот број на заразени лица, бараат продолжување на вонредната состојба за уште една недела. Така што, Милано, градот кој не запира и фасцинира, сепак во ова време на коронавирусот одговорно и сериозно успори.

Поврзани вести

Витамин Д и короната: Волшебен лек или залудна надеж?

Враќање во нормален живот дури откако ќе инсталирате апликација за следење?

Нов Зеланд не ја „израмни кривата“ туку ја „згази“: Забележаа само еден смртен случај од коронавирус

Коронавирус: Германија погреши, а Шведска беше во право?

Влатко Зорба

Заборавете на приказните за вториот бран: Експертите велат дека постои само еден начин да се победи короната

Stefanija Kuzmanovska

Ќе ја исклучат ли Турција од НАТО?

user4