АНАЛИЗИ

Мигрантска криза: ЕУ ги прифаќа принципите на Орбан

Откако Турција ја отвори границата за мигрантите, пред сè, земјите долж балканската рута сметаат дека се загрозени од новата бегалска криза, пишува весникот „Велт“ во анализа на однесувањето на земјите од Вишеградската група, пренесува „Дојче веле“.

„Грција, на чија граница со Турција бегалците се обидуваат да влезат во ЕУ, но и Бугарија и Унгарија, брзо реагираа на одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан и неговиот бугарски колега Бојко Борисов упатија итни телефонски повици до Ердоган. Борисов на втори март дури и отпатува во Анкара кадешто демонстративно застана на страната на Ердоган – а со тоа против ЕУ, чија членка е Бугарија“, пишува германскиот „Велт“.

„Беше тоа интересна глума: спротивно на фактите, Ердоган тврдеше дека ЕУ не ги платила шесте милијарди евра кои ги ветила во 2016 година во рамките на т.н. бегалски пакет со Турција. Борисов рече дека не може да разбере зошто ЕУ не ги исплатила парите. Како награда за тоа, Ердоган му вети на бугарскиот премиер дека нема да врши притисок на границата со Бугарија“.

Многу работи потсетуваат на 2015 година

„Уште во 2015 година, кога стотици илјади сириски бегалци пристигнаа во ЕУ, и на крајот повеќето од нив завршија во Германија, источните членки на ЕУ беа првите што го изразија своето незадоволство. Меѓу нив, Бугарија и Романија, а пред се Вишеградските држави, Полска, Унгарија, Чешка и Словачка (В4), се спротивставија на механизмот на распределба на бегалците и беа во можност да го искористат тоа за свои цели.

Така, полската Националноконзервативна партија за право и правда би можела да победи на парламентарните избори 2015. Моќниот шеф на полската Националноконзервативна партија за право и правда , Јарослав Качињски зборуваше за „паразити“ кои не претставуваат опасност во телата на мигрантите, но се опасни за Европејците.

Многу работи денес потцетуваат на ситуацијата од 2015 година. Така, на 10 мај во Полска се одржуваат претседателски избори. Актуелниот претседател Анджеј Дуда, кандидат на полската Националноконзервативна партија за право и правда, повторно се кандидира. Некои политичари, како Борисов, одат на билатерални состаноци со Ердоган за да спречат ситуација како онаа на грчката граница во нивната земја. А други пак, како премиерот Орбан, повторно заземаат офанзива и веќе најавуваат самит со Турција“, пишува „Велт“.

ЕУ се приближи до ставовите на В4

„Источните и средните Европејци не се, како во 2015 година, на курс на конфликт со ЕУ или Германија, a причината не е дека тие ги сменија своите политики, туку во многу поголема мерка ЕУ е таа што се приближи кон нив. Пред сè, Орбан смета дека има потврда за своите постапки. Како прв шеф на една европска влада, тој уште во јануари рече дека ќе настане нова мигрантска криза во 2020 година и тоа го образложи со развојот на ситуацијата во Сирија. Во 2015 година, тој побара од ЕУ да посвети поголемо внимание на заштитата на границите, а помало на доселувањето. Овој став сега го делат повеќето земји од ЕУ. Орбан исто така предупреди дека Европа не смее да стане зависна од Ердоган“, се додава во „Велт“.

Поврзани вести

Зошто социјалната дистанца ни паѓа толку тешко?

Stefanija Kuzmanovska

Смртта на Џорџ Флојд: Како се применува законот врз Афроамериканците

Stefanija Kuzmanovska

Србија ќе мора да избере – или со ЕУ или со Русија

user4

Кому и зошто му одговараат политичките кризи во регионот

Stefanija Kuzmanovska

Дали сите бремени жени треба да се тестираат на коронавирус пред породување?

Дали коронавирусот ќе предизвика втора „арапска пролет“?

Влатко Зорба