АНАЛИЗИ

Може ли интернетот да го издржи вирусот?

Сè повеќе луѓе работат од дома, гледаат филмови или играат видео игри. Може ли Интернетот да издржи? Зависи каде. Во Германија велат дека нема зошто да се грижите дури и ако сите се на Интернет одеднаш.

Швајцарската влада се заканува дека ќе ги исклучи „Нетфликс“ и другите слични даватели на услуги. Пред неколку дена, најголемиот провајдер на интернет услуги во Швајцарија предупреди дека мрежата може да биде преоптоварена. Тоа е нуспојава и од мерки за изолација – сите се дома од каде што работат или гледаат видеа за забава.

Загриженоста расте и во ЕУ. Комесарот за заеднички пазар Тјери Бретан бара од големите понудувачи да размислат како можат да се заштедат протокот на податоци. Нетфликс и Јутјуб веќе реагираа на ова, го намалија квалитетот на сликата во Европа.

Јутјуб следните 30 дена овозможува да гледате видео само во стандарден квалитет (SD) наместо со висок (HD). Netflix ја намали количината на податоци што ги пренесува за една четвртина, но не се префрли на SD, туку го прилагодува квалитетот на тековното оптоварување на локалната мрежа. Ова значи дека некои претплатници на оваа платформа ќе забележат дека сликата е полоша, додека други нема да забележат ништо.

Подобриот квалитет на сликата бара повеќе пиксели, што значи и повеќе податоци. Затоа ХД деновиве станува луксуз.

Германија не се грижи

Според извештаите на медиумите, Франција веќе побарала од Дизни да го одложи започнувањето со платформата Дизни +, што треба да понуди содржина како Нетфликс од вторник.

Во Германија сè уште нема такви грижи. Франкфурт е едно од најголемите интернет-центри во светот. Досега е регистрирано зголемено користење на Интернет за десет проценти, но ова сè уште не е алармантно. Ако се искористи целиот капацитет, брзината ќе се спушти до 9,1 терабајти во секунда, вели Харалд Зума, шеф на центарот во Франкфурт.
„Овие 9,1 терабајти се најголем товар што можеме да го имаме на Интернет сега. Но, во моментов, протокот е 4,1 терабит, така што има уште многу простор “, рече тој.

Многу повеќе видеа

Во центарот на Франкфурт немаат податоци што точно содржина повеќе се користи, но знаат дека користењето на видеата е зголемено за педесет проценти. Ова не е само резултат на зголемено гледање на филмови и серии, туку на повеќе видео конференции низ платформи како Skype или Zoom. Се играат и повеќе видео-игри.

„Гледаме дека луѓето сега порано го користат интернетот. Обично се пикот е помеѓу 20 и 21 часот, а сега веќе започнува во 10 часот. Гледаме дека однесувањето на луѓето од другата страна на мрежата е значително променето “, вели Зума.

Тој вели дека ширум светот, со зголемената употреба на Интернет, може да се види кои области се особено погодени од епидемијата и дека луѓето се повеќе дома. На пример, 60% повеќе податоци се пренесуваат во Мадрид од вообичаеното.

Поврзани вести

Дали лудиот шведски модел против корона ги даде резултатите?

Бројот на жители во светот по 2050 година ќе почне да опаѓа

Атина ја обвини Анкара за ширење лажни вести

Stefanija Kuzmanovska

5 ефикасни стратегии за борба против коронавирусот

Влатко Зорба

Ердоган мислеше дека Медитеранот и припаѓа на Турција, но заборави дека Грците се во игра

Влатко Зорба

Шест важни лекции за вториот бран на корона кои може да ги научиме од Азија