АНАЛИЗИ

Најголемата мистерија на короната: Факторот, кој одлучува живот или смрт

Студиите направени врз пациенти со Ковид-19 покажаа дека нашиот имунолошки систем различно реагира на оваа болест од вообичаеното. Сега, научниците се на пат да решат една од најголемите мистерии што го придружуваат коронавирусот – зошто некои луѓе минуваат само со поблаги симптоми, додека други буквално се борат за својот живот.

Се покажа дека имунолошкиот систем на некои пациенти реагира прилично невообичаено, така што кога одредени молекули и клетки не можат да се борат со вирусот, телото ги вклучува сите одбранбени механизми кои му се на располагање. И таа неконтролирана реакција може да ги оштети здравите ткива, пишува „Њујорк Тајмс“.

„Видовме неколку многу чудни работи во различни фази на инфекцијата“, рече Акико Ивасаки, имунолог од универзитетот Јеил и автор на неодамнешна студија.

Што се однесува до другите вообичаени вируси, како што е грипот, кога ќе влезе во нашето тело, имунолошкиот систем реагира со тоа што директно ќе го пронајде натрапникот и ќе го нападне, со што ќе купи време за телото правилно да реагира. Овој прв одговор зависи од молекулите наречени цитокини, кои се формираат како одговор на вирус. Овие микро-аларми потоа им отстапуваат места на антителата и Т-клетките кои се насочени кон вирусот и клетките што ги нападнал.

Како и да е, овој метод се чини дека паѓа во вода кај лица со Ковид-19. Имено, цитокините во некои случаи не престануваат, по првото предупредување, да го алармираат организмот, дури и кога на местото на настанот пристигнуваат антителата и Т-клетките. Ова значи дека првичната реакција, т.е. воспалението поради инфекција не престанува дури и кога веќе не е потребно.

„Нормално е воспалението да се појави кај вирусната инфекција. Но, проблемот е кога не можете да ја решите“, рече Кетрин Блиш, виролог од универзитетот Стенфорд.

И можеби заради таквата необична реакција кај некои пациенти, болеста трае подолго бидејќи вирусот е во состојба да го измами нашиот имунолошки одговор. Потоа, заради тој аларм, кој не запира, нашето тело реагира посилно и истовремено се напаѓа себе си.

„Тоа е енигма. Имате силен одговор на имунолошкиот систем и вирусот сè уште се размножува“, рече Ејвери Огаст, имунолог од универзитетот Корнел.

Експертите, исто така, велат дека е можно пациентите со поблага слика на Ковид 19 да реагираат така што телото се бори против вирусот што ги напаѓа клетките, а дека дека проблемот е во тоа што кај потешките пациенти телото се однесува како да е нападнато од паразит..

Затоа се чини дека имунолошкиот систем не е во состојба да го најде вистинскиот пат до вирусот и да го неутрализира. И таа забуна се пренесува на Б и Т клетките, кои треба да соработуваат и да се борат со болеста. И иако сè уште е рано да се каже, се чини дека коронавирусот спречува Б и Т клетките да соработуваат. Тоа е причината зошто експертите сега го споменуваат ресетирањето на имунолошкиот систем, односно терапија со која би се вратила рамнотежата во организмот и повторно ќе се поврзат Б и Т клетките. Сепак, предизвикот за лекарите е да ја потиснат оваа несоодветна реакција на цитокините на почетокот на инфекцијата, а не целосно да го потиснат одговорот на телото на инфекцијата.

Покрај тоа, вистинскиот момент е исклучително важен. Ако пациентот прима лек што ја ублажува реакцијата на имунолошкиот систем премногу рано, тогаш одговорот нема да биде доволно силен. И ако тој го земе лекот предоцна, тогаш тој веќе може да претрпи голема штета.

Досега, третманите што блокираат цитокини индивидуално, не покажале значителни резултати, веројатно затоа што научниците сè уште немаат доволно податоци. Од друга страна, стероидите како дексаметазон се моќно оружје затоа што можат да потиснат повеќе цитокини одеднаш.

Дексаметазон не е совршена терапија, експертите се согласуваат и велат дека има недостатоци, но досега се покажа добра кај сериозно болни пациенти.

„Се чини дека е добра стратегија сè додека не откриеме повеќе“, заклучи д-р Дона Фарбер, имунолог од универзитетот Колумбија.

Поврзани вести

„Страшилото на Вол Стрит“: Од што се плашат милијардерите во САД?

Влатко Зорба

Европски суд на правда: Полска, Унгарија и Чешка го прекршуваат законот на ЕУ заради бегалците

Stefanija Kuzmanovska

Студија: Децата со црна боја на кожа во САД повеќе умираат по операции отколку белите деца

Балканците најмалку се плашат од коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Во Германија повторно легализирана медицинската помош при извршување самоубиство

Stefanija Kuzmanovska

Вакцината против коронавирус нема да делува на дебелите луѓе?

Александар Петровски