АНАЛИЗИ

Најсмртоносниот ден во Чикаго во последните 60 години

Сабота, 31 мај беше најсмртоносен ден во Чикаго најмалку 30 години, а можеби и за последните 60 години.

За помалку од 24 часа загинаа 18 лица. Насилството ескалираше кога демонстрациите за смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен во Минеаполис, избувнаа во Чикаго.

На последниот викенд од мај – тридневен национален празник – повредени беа 85 лица, а 24 лица починаа, покажуваат податоците на лабораторијата за криминологија на Универзитетот во Чикаго. Повеќето од жртвите се луѓе со темна кожа.

Меѓу загинатите и повредените има студенти, родители и средовечни лица, пишува локалниот весник Чикаго Сан Тајмс.

„Никогаш не сме имале вакво нешто“, рече директорот на криминолошката лабораторија, Макс Капустин, за овој весник, потенцирајќи дека лабораторијата ја следи состојбата на терен дури од 1961 година.

„Јас дури и не сум сигурен како воопшто да ги ставам овие информации во контекст“, рече тој. „Ова не е како што било досега.

Капустин вели дека полицијата во Чикаго е преокупирана со протестите поради смртта на Флојд по апсењето на 25 мај и затоа морале да го намалат обемот на вообичаената патрола.

„Штом полицијата стана преокупирана со нешто друго, се чинеше дека се отвори вакуум и тогаш, за жал, добивме таков исход минатиот викенд – апсурден број мртви, ранети и убиени“, истакна Капустин.

Вториот најсмртоносен ден во историјата на Чикаго беше 4 август 1991 година, кога 13 лица ги загубија животите за само 24 часа.

Истражувачите раскажуваат за Би-Би-Си дека 31 мај е можеби е најсмртоносен во последните 60 години, но додаваат дека аналогните податоци од пред 1991 година се помалку точни од компјутерските податоци.

Градоначалникот на Чикаго, Лори Лејтфоут, изјави дека на 31 мај во центарот за итни случаи во градот (911) добиле 65.000 повици – 50.000 повеќе од вообичаеното.

„Имавме невидена криминална активност во текот на викендот и полицајците активно истражуваат неколку случаи и се обидуваат да утврдат кој е мотивот на напаѓачите“, изјави полицијата за „Чикаго Сан Тајмс“.

Тие додадоа дека „полицијата активно работи за да обезбеди правда да биде задоволена, особено за оние што загинаа или се повредени во безумниот бран на насилство“.

Анџело Бронсон, 36-годишен татко на две деца, беше застрелан во Инглвуд. Бронсон дошол во Чикаго од Вашингтон да го посети своето семејство.
Џон Тигс, 32-годишен татко на три деца отишол да ја плати сметката за телефон кога бил убиен, наведува семејството. Меѓу жртвите од неделата се и студентите Лазар Даниелс и Кишани Болден. И двајцата имале 18 години.

Иако стапката на убиства во Чикаго е највисока од сите американски градови, таа падна неодамна. Во текот на 90-тите години, бројот на убиства годишно обично надминува 900.

Во текот на 2018 година имало 561 убиства во Чикаго, што е повеќе отколку во двата најголеми американски градови – Њујорк и Лос Анџелес, заедно.

Минатата година се забележани 492 убиства.

Поврзани вести

Лекција од Сирија: Ердоган нема да заборави како Путин го понижи

Stefanija Kuzmanovska

ВТОРИОТ БРАН Е ТУКА, А ИМУНИТЕТОТ НА КОРОНАТА Е МИСТЕРИЈА: Студија дава одговор колку сте безбедни ако сте го прележале вирусот!

Stefanija Kuzmanovska

Дали заради својата крвна група сме поранливи на ковид?

Дали коронавирусот ќе предизвика втора „арапска пролет“?

Влатко Зорба

Корона и кралското семејство: Скоро 40 милиони евра помалку во касата заради пандемијата

Александар Петровски

Како загадувањето на воздухот го влошува коронавирусот: Штетните честички ја зголемуваат смртноста