АНАЛИЗИ

Научниците го следеа вирусот од влегувањето во организмот и еве што таа болест точно му прави на телото

За да помогнат во контролата на пандемијата, научниците работат напорно за да дознаат што е можно повеќе за новиот вирус.

Меѓу предметите на нивната анализа се и прашањата: зошто вирусот предизвикува кашлица и како доаѓа до губење на мирисот и вкусот, што е еден од најчестите симптоми на заразата. Еве одговори на овие и други прашања за најчестите симптоми на заразата.

Како вирусот влегува во организмот?

Кога заразено лице кашла, кива или разговара, тоа произведува респираторни капки, кои всушност се топчиња вода со слуз и плунка и честички на вирусот КОВИД-19.

Иако е можно овие капки да се вдишат низ воздухот, тие не остануваат долго во него. Почеста форма на пренесување е: заразеното лице да кива или кашла во раката, а потоа да допира одредена површина.

Студиите покажаа дека вирусот на одредени површини може да преживее од неколку часови до неколку денови. Ова значи дека следната личност што ќе ги допре ги пренесува капките вирус на своите раце.

Ако го допре лицето, капките може да стапат во контакт со очите, устата и носот. И откако ќе влезе во телото, се врзува за нашите ќелии, вели д-р Џејн М. Ориент, извршен директор на Здружението на американски лекари и хирурзи и претседател на друштвото “Doctors for Disaster Preparedness”, пишува „Rafinery29“.

Вирусот се лизга во секоја клетка и започнува да се размножува. На крајот ќелијата ќе пукне, објасни д-р Џил Грајмс, матичен лекар од UT Austin’s Student Health Services во Тексас.

Вирусот брза низ крвотокот и процесот се повторува во соседните клетки.

Зошто вирусот предизвикува кашлица?

Од првите денови на пандемијата, се знае дека кашлицата е еден од симптомите на вирусот.

„Вирусот на корона продира во долниот респираторен тракт, во белите дробови и неговите воздушни кеси, повеќе од обичната настинка“, рече д-р Ориент, додавајќи дека кашлањето е реакција на нашето тело на иритација.

За некои пациенти, особено кај оние со постојни респираторни проблеми, КОВИД-19 може да предизвика и вирусна пневмонија и синдром на акутен респираторен дистрес. Овие се сериозни здравствени состојби кои можат да предизвикаат оштетување на белите дробови и бараат третман со респиратор.

Зошто постои губење на чувството за мирис и вкус?

Ова е уште еден симптом на коронавирусот. Анализата на Кралскиот колеџ во Лондон во која учествувале 579 пациенти покажала дека 59 отсто од нив го изгубиле чувството за мирис и вкус.

Експертите не ја знаат точната причина, но д-р Грајмс и д-р Ориент изјавија дека тоа е веројатно поврзано со оштетување на нервите на носот. И тие го споредија со сличните последици од пушењето.

Д-р Ориент истакна дека се надева дека оваа последица ќе биде привремена кај повеќето пациенти.

Кои се другите вообичаени симптоми на коронавирусот?

Главниот извештај на Светската здравствена организација, врз основа на 56,000 случаи во Кина, го покажа следново: кај 40отсто од пациентите се јавил умор, околу 19 отсто губеле здив и 88 отсто имале зголемена температура.

Д-р Ориент рекла дека губењето здив се јавува поради блокада како течност во белите дробови. Вирусот го преоптоварува организмот и го троши со тек на време.

Зголемената температура е веројатно имунолошкиот одговор на нашето тело.

„Дел од природната, здрава реакција на нашето тело на инфекција е зголемување на телесната температура, што ја намалува можноста вирусот да се репродуцира. Ако вашата температура се искачи над 40 степени, јавете му на вашиот лекар за совет. Започнете со третман дома кога температурата ќе достигне 38″, истакнала Д-р Ориент.

Ако имате симптоми, контактирајте ги надлежните здравствени служби.

Поврзани вести

Зошто ЕУ ја игнорира трагедијата во Италија?

Stefanija Kuzmanovska

Може ли интернетот да го издржи вирусот?

Тврд Brexit, мек Brexit, без Brexit

Влатко Зорба

Русија: Дали народот го интересира што ќе направи Путин

Stefanija Kuzmanovska

Бегалците во време на коронавирусот – каква игра играат Грција и Турција?

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирусот удри во срцето на британската политика

Stefanija Kuzmanovska