АНАЛИЗИ

Oд епидемијата на коронавирус во Кина до светска криза требаше месец дена

Пред нешто повеќе од еден месец, во светот биле активни околу 92.000 случаи на коронавирус, според универзитетот Џонс Хопкинс.

Од тој број, нешто повеќе од 80.000 случаи биле активни во копнена Кина, која потоа започнала да ја става епидемијата под контрола. Но, од тогаш, бројот на случаи во светот значително се зголеми.

Милион случаи низ целиот свет

Еден месец подоцна, на 3 март, повеќе од еден милион луѓе се заразени ширум светот. Најлошо е во САД.

На 3 март таа земја имаше 118 случаи, а сега има повеќе од 245.000. Пред само еден месец, округот Кингс во Вашингтон ги објави првите смртни случаи од коронавируси во САД.

До денес, скоро 6.000 луѓе починале од коронавируси во САД за еден месец. Некои владини претставници проценуваат дека бројот на загинати може да биде стотици илјади.

Кога ќе биде врв на пандемијата?

Сè уште не е јасно кога ќе се достигне врвот на пандемијата. Некои земји бележат раст во однос на заразените како Јужна Кореја. Некои други земји бележат дури втор бран на инфекција.

Говорејќи за Си-Ен-Ен, главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи рече дека може да потрае некое време пред вонредната состојба и обврската да остане дома ќе има ефект на намалување на бројот на заразени и смртни случаи.

„Дури и кога ќе го намалите или стабилизирате бројот на нови пациенти, сепак ќе треба време пред да го намалите бројот на хоспитализации, бројот на лица во интензивна нега и бројот на починати. Всушност, бројот на загинатите е последното нешто што почнува да опаѓа. Значи, земјата може да биде добра и да има добри мерки, но бројот на загинатите сè уште може да расте таму“, рече Фаучи за Си-Ен-Ен.

Поврзани вести

Кои се кандидатите за наследник на Меркел на канцеларската позиција во Германија?

Влатко Зорба

Ако сте го имале овој симптом во декември месец, можеби веќе сте прележале корона

Александар Петровски

Короната ја уништи туристичката сезона во Грција

Влатко Зорба

Водечкиот германски виролог тврди дека не постои можност за повторна зараза со коронавирус

Странците заработуваат 900 евра помалку од домашните граѓани во Германија

Александар Петровски

Кинеската цензура го освојува светот

user4