АНАЛИЗИ

Пет работи кои треба да ги знаете за коронавирусот

Митови за коронавирусот сè побрзо се шират низ светот. Затоа ви претставуваме пет факти за истиот кои мора да ги знаете, пишува Би-би-си.

Маските не се толку корисни

Иако сè повеќе луѓе ги носат, нема многу докази за тоа колку маските навистина штитат од вирусот.

Тоа е затоа што маските не ги покриваат очите, лабави се и не можат да се носат подолг период – стануваат влажни, па треба почесто да се менуваат.

Затоа, Светската здравствена организација (СЗО) има неколку совети кога станува збор за заштита од коронавирусот:

  • со шамиче покријте ги устата и носот кога кивате
  • шамичето фрлете го веднаш во корпа за отпадоци
  • потоа измијте ги рацете со сапун (што треба да се прави често)
  • држете се подалеку од луѓе кои кашлаат или киваат (најмалку еден метар)

Вирусот не можете да го добиете од животни

Не постојат докази дека играњето со куче или мачка може да ве заразат со новиот коронавирус, наведуваат од СЗО.

Но тоа не значи дека веднаш после контакт со животни не треба да ги миете рацете со сапун и топла вода.

Ретко е убиец

Повеќето заразени лица ќе почувствуваат само поблаги симптоми на вирусот (кашлица, висока температура) и брзо ќе се опорават, сметаат експертите.

Сепак, некои луѓе сериозно се разболуваат (пневмонија, проблеми со дишењето), а има и лица кои починаа од последиците на коронавирусот.

Но запомнете дека грипот кој кружи секоја зима исто така убива луѓе.

„Ризикот е мал во споредба со сезонскиот грип“, вели професорот Џонатан Бол од Универзитетот во Нотингем, истакнувајќи дека добрата лична хигиена е секогаш најдобрата форма на заштита.

Нема лек

Не постојат лекови или вакцини за новиот коронавирус, а на него не делуваат ни антибиотици – повеќето луѓе се опоравуваат самостојно.

Во меѓувреме научниците работат на развивањето на вакцината, но истата прво мора да помине серија тестови, така што нема да биде во употреба во скроо време.

Безбедно е да се јаде кинеска храна

Нема причина – и покрај стравувањата на социјалните мрежи – да ги избегнувате локалните ресторани за кинеска храна.

Коронавирусот не може долго да преживее на надворешни површини.

За да се заразите мора да бидете во близок контакт со заразеното лице (на помалку од два метра, 15 минути или подолго), велат експертите.

Поврзани вести

Коронавирусот удри во срцето на британската политика

Stefanija Kuzmanovska

Ангела Меркел синоќа со телефонски повик спречила војна меѓу Грција и Турција

Овој параметар во крвта открива дали дексаметазонот може да ве спаси ако тешко заболете од корона

Александар Петровски

Експерти: Само еден вид е одговорен за коронавирусот, тоа е човекот

За спас на планетата треба да работиме помалку?

„Гардијан“: Зошто Балканот страда помалку од коронавирусот од Западна Европа?