АНАЛИЗИ

Пола милион ајкули може да бидат убиени поради природното масло што го произведуваат, а кое би се користело за вакцини против корона

Половина милион ајкули може да бидат убиени поради природното масло што го произведуваат, а кое би се користело за вакцини против коронавирусот.

Една од супстанциите што ја користат некои кандидати за потенцијална вакцина против ковид-19 е сквален, природно масло произведено во црниот дроб на ајкулата, пренесува Sky news.

Скваленот во моментов се користи во медицината и е состојка што ја зголемува ефикасноста на вакцината со создавање на посилен имунолошки одговор.

Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline во моментов го користи ова масло за да направи вакцина против грип.

Компанијата наведува дека ќе направи милијарда дози од оваа супстанца со цел да ја има за потенцијална употреба во вакцината против вирусот корона во мај.

Потребни се околу 3.000 ајкули за да земат еден тон сквален.

Групата за зачувување на ајкули во Калифорнија наведува дека доколку светската популација добие доза на вакцина која содржи масло од црн дроб, може да бидат убиени 250.000 ајкули, во зависност од употребената количина на сквален.

Ако беа потребни две дози за светската популација да добие имунизација, што е многу веројатно, бројот на ајкули ќе се зголеми на половина милион.

За да се избегне ова, научниците тестираат алтернатива на скваленот, синтетичка верзија направена од ферментирана шеќерна трска.

Поврзани вести

„Ковидиот“ е нов македонски збор и сите знаете барем еден таков

Влатко Зорба

Холандски биолози открија опасно антитело во крвта на луѓе со тешка форма на КОВИД-19

Подготовки за следната пандемија

Stefanija Kuzmanovska

Климатските промени имаат поголемо влијание врз жените

Stefanija Kuzmanovska

Фарските острови го победија коронавирусот, со денови нема новозаразени!

Мистериозна болест кај децата, дали има врска со коронавирус?

Stefanija Kuzmanovska