АНАЛИЗИ

Повисока стапка на смртност од коронавирусот кај Афроамериканците во САД

Според првичните податоци од Луизијана, Мичиген и Илиноис, повисоката стапка на смртност од коронавирусот во САД е меѓу Афроамериканците во споредба со целата американска популација.

Причината за ова, велат официјалните лица, е нееднаквоста во пристапот до здравствената заштита, но и хроничните здравствени проблеми.

Гувернерот на Лузијана, Џон Едвардс, рече дека повеќе од 70 проценти од 512 лица кои починале од вирусот во САД биле Афроамериканци, и тоа многу поголем процент него што црното население има удел во вкупната популација.

Исто така, Афроамериканците сочинуваат 14 проценти од популацијата во Мичиген, а процентот на смртност од коронавирус од вкупната популацијата е 40 проценти, пренесува Ројтерс.

Шефот на јавното здравство Џером Адамс изјави дека Афроамериканците имаат поголема веројатност да страдаат од срцеви заболувања, дијабетес и хипертензија, а тоасе најчестите хронични заболувања што ги прави поподложни на вирус.

Градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут, презентираше информации на конференцијата кои исто така сведочат за расната нееднаквост.

Според податоците, 72 проценти од смртните случаи на коронавирусот во Чикаго се Афроамериканци, и покрај тоа што сочинуваат само една третина од населението во градот.

„Овие бројки одземаат здив. Тоа е повик за итна акција од сите нас“, рече таа.

Поврзани вести

Како да издржите повеќе од 100 дена без сончева светлина

„Враќање на невиноста“: Што е тоа и зошто некои сакаат да го забранат

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирус: Дали сме поблиску до вакцина или лек?

Влатко Зорба

Со секоја пандемија тие се побогати: Документиран начин на работа на фармакомафијата (ВИДЕО)

Како влијае „КОВИД-19“ на мозокот?

Влатко Зорба

Купување „лајкови“: еден повеќе од опасен бизнис

Влатко Зорба