АНАЛИЗИ

Самоубиства во британската армија: Повеќето се бореле во Авганистан

Британскиот весник „Тајмс“ објави дека 14 британски воени ветерани, од кои повеќето учествувале во војната во Авганистан, извршиле самоубиство во последните два месеца.

Весникот наведува дека стапката на самоубиства е зголемена меѓу британските ветерани кои учествувале во најкрвавите борби во Авганистан.

Голем број војници кои извршиле самоубиство биле вклучени во операцијата „Херик“ (кодното име на британската воена операција во Авганистан) помеѓу 2002 и 2014 година.

Појавата забележана и во американската армија

Самоубиството е појава и во американската армија. Весникот „Њујорк Тајмс“ минатата година објави дека бројот на самоубиства во американската армија го надминал бројот на војници кои загинале во војните.

Од весникот наведоа дека повеќе од 45.000 ветерани или лица кои служат во американската армија извршиле самоубиство во изминатите шест години, што е повеќе од вкупниот број американски војници кои загинале во борбите во Авганистан и Ирак.

Поврзани вести

Коронавирус и Италија: „Како и во секоја војна, избираме кои пациенти ќе ги лекуваме“

Stefanija Kuzmanovska

Десет бомбастични тврдења од книгата на Џон Болтон за Трамп

Дали Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година?

Влатко Зорба

Како загадувањето на воздухот го влошува коронавирусот: Штетните честички ја зголемуваат смртноста

Убиството на Џорџ Флојд ја крена Америка на нозе. Како гледа Европа на расизмот?

Влатко Зорба

Победата на Вучиќ ја уништи демократијата во Србија

Влатко Зорба