АНАЛИЗИ

Сепса – најчеста причина за смрт при коронавирус

Сепса е сериозно нарушување во функционирањето на органите, предизвикано од некаква инфекција опасна по живот. Во овој случај, одбранбениот одговор на телото на инфекцијата е толку интензивен што почнува да ги напаѓа и уништува дури и сопствените ткива и органи.

Сепсата колоквијално е наречена „труење на крвта“. шок – услови што најчесто завршуваат со смрт.

20% од сите смртни случаи настапуваат по сепса

Според новата студија објавена кон средината на јануари во специјализираниот весник „Лансет“, 20% од сите смртни случаи во светот се резултат на сепса. Во 2017 година имало скоро 49 милиони случаи на сепса, од кои 11 милиони завршиле фатално.

Само во 2015 година, во Германија се пријавени 75.000 смртни случаи од сепса – повеќе од смртни случаи од карцином на дебелото црево, белите дробови и простата во комбинација. Кај скоро 15% од пациентите кои починале во германските болници во 2015 година, смртта се должи на сепса.

Особено изложени на ризик се луѓето со ослабен имунолошки систем – стари лица кои имаат дијабетес, карцином или хронични состојби, пациенти со СИДА и мали деца и новороденчиња.

Како се добива сепса и како да се препознае?

Сепса може да биде предизвикана од вируси, бактерии, габи или паразити кои предизвикуваат сериозно гнојно воспаление – белите дробови, уринарниот тракт, абдоминалната празнина, итн.

Покрај сезонските вируси на грип, сепса може да биде предизвикана и од други опасни вируси, како што се коронавирусот, причинители на Ебола, жолта треска, треската Денга или вирусите на свински и птичји грип.

Симптоми се низок крвен притисок, палпитации (срцева аритмија), треска, отежнато дишење и тешкотии, тежок општ замор, што во некои случаи доведува до дезориентација. Ваквите симптоми бараат итна болничка помош.

Како се третира сепса?

Иако сепсата е релативно честа појава во болниците, таа често останува непрепознаена. И спасувањето на пациент со сепса бара максимална брзина. Потребна е интензивна нега – испорака на кислород, апарат за дишење, одржување на циркулацијата на крвта. Исто така, важно е да се даваат антибиотици со широк спектар за да се ограничат штетите предизвикани од какво било бактериска инфекција. Таквиот интензивен третман е скап: во САД, на пример, болниците трошат 24 милијарди американски долари годишно за лекување на пациенти со сепса.

Во денешната ситуација кога постои епидемија на коронавирус, особено е важно да имате доволно кревети за интензивно лекување. Тие треба да бидат достапни за оние пациенти, кај кои заразата со коронавирус или друга патогена инфекција се развива критички.

Тешки нарушувања

Кај околу половина од пациентите третирани од сепса, не остануваат сериозни лезии. Меѓутоа, други може да доживеат различни компликации, вклучително и нова инфекција, бубрежна инсуфициенција или кардиоваскуларни нарушувања. Покрај тоа, многу пациенти со сепса развиваат тешки и долгорочни заболувања, како што е делумна парализа, депресија или анксиозна невроза.

Затоа, многу е важно сепсата брзо да се дијагностицира и да се спречи. Колку порано е откриена, толку се поголеми шансите на пациентот да преживее.

Поврзани вести

Зошто ЕУ ја игнорира трагедијата во Италија?

Stefanija Kuzmanovska

Мистеријата на ниската стапка на смртност од коронавирусот во Индија

Коронавирус: Може ли да се заразите од починато лице?

Корона во Југоисточна Европа: Карантин за владеење на правото

Влатко Зорба

КОРОНА КАРАНТИНОТ Е КОНТРАПРОДУКТИВЕН: Уште една лекција од Шведска

Александар Петровски

Дали ЕУ ќе го преживее коронавирусот?

Stefanija Kuzmanovska