АНАЛИЗИ

Сите политички кризи на Додик во последните пет години

Иако поминаа само четири месеци откако беше прекината едногодишната блокада на власта во Босна и Херцеговина, на повидок е уште една парализа на босанските институции, објави „Алџезира Балканс“.

По најавата дека политичките претставници на Србите од РС ќе бидат присутни во Парламентарното собрание и Советот на министри на Босна и Херцеговина, но ќе престанат да учествуваат во процесот на донесување одлуки, Милорад Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, ја измисли новата фраза „РСегзит“, копирајќи ја познатата британска кованица.

Истата ја повтори и од говорницата на Националното собрание на РС, уште еднаш истакнувајќи дека овој босански ентитет ќе се оддели од БиХ.

Сепак, овој пат референдумот во врска со тоа не беше спомнат во заклучоците за „антидејтонското делување на Уставниот суд на Босна и Херцеговина“ донесени на таа седница.

Триесет најави за референдуми

 Само во периодот од 2006 до 2015 година, Додик повеќе од 30 пати најавуваше разни референдуми и се закануваше дека ќе се оддели од РС.

 БиХ ја напуштија 200.000 граѓани

 Од друга страна, и лидерите на другите големи национални партии во Босна и Херцеговина претрпеа разни блокади и кризи, од кои едната трае до ден денес бидејќи Партијата за демократска акција и Хрватската демократска унија на Босна и Херцеговина не постигнале договор како да се измени Изборниот закон на Босна и Херцеговина.

Како резултат на тоа власта во ентитетот на Федерацијата на Босна и Херцеговина сè уште не е формирана, а избори во Мостар се немаат одржано речиси 12 години.

Во тој период речиси 200.000 луѓе ја напуштија Босна и Херцеговина.

Референдум за Судот и Јавното обвинителство на БиХ

Тогашниот претседател на РС, Милорад Додик, во 2015 година доби поддршка од претставниците на владејачката партија во РС да побара од Националното собрание на РС да се „активира“ претходна одлука за 2011 година за референдум за Судот и Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина.

Одлуката за распишување на овој референдум беше усвоена, но никогаш не беше објавена во Службен весник на РС.

Тоа го побарала опозицијата на седницата на Националното собрание на РС во септември 2017 година, што беше и сторено, но Додик, веќе казнет со санкции на САД за одржување референдум за Денот на РС, многу брзо се повлече и рече дека одлуката за овој референдум ќе биде суспендирана, што, како што објасни, не значи трајно откажување.

Референдум за НАТО

Одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина да ја одбие апелацијата на РС против пресудите на Судот на Босна и Херцеговина со која беше наложено воениот објект Велики Зеп кај Хан Пијесак да се регистрира како имот на Босна и Херцеговина, го предизвика Додик повторно да се занимава со приказни за референдум во август 2017 година.

Така, по Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, тој најави уште едно изјаснување на народот во РС, овој пат за пристапувањето на Босна и Херцеговина во НАТО.

Сепак, ниту опозицијата ниту коалициските партии од РС овој пат не застанаа зад Додик и неговиот замислен референдум.

Референдум на денот на РС

Еден референдум што го најави Додик беше спроведен, но прогласен за неуставен, како и неговите резултати, и иако тој избегна гонење за непочитување на судот, лидерот на СНСД на крајот доби санкции од САД.

Резервен состав на полицијата и вооружените сили

 Во април 2019 година, повторно се зголемија тензиите и се појави приказна за војна, откако во РС беше најавен закон за воведување на резервен состав на полицијата.

Стануваше збор за бројка од илјада до 1.500 припадници на резервниот состав, додека во истиот момент во самата полиција беа испразнети 300 места.

Ваквиот потег експертите го оценија како кршење на делот од Дејтонскиот договор кој се однесува на безбедност, стабилизација и мир.

Тој, исто така, побара од командата на полкот на следното обележување повеќе од половина строј да биде облечен во униформата на поранешната армија на РС.

После тоа, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, поднесе кривична пријава против Додик за „повикување на бунт во вооружените сили на Босна и Херцеговина и за рушење на уставниот поредок“.

Блокада на властите

 Босна и Херцеговина пред четири месеци илзеле од блокадата на властите, која не беше формирана повеќе од една година по општите избори.

Претставничкиот дом на парламентарното собрание на Босна и Херцеговина не одржуваше редовни седници во овој период, поради бојкотот на партиите на РС, предизвикан од неуспехот да се формира Советот на министри на Босна и Херцеговина.

 

 

Поврзани вести

Истрагата во Англиканската црква: Црквата не успеала да ги заштити децата од сексуалните предатори

Stefanija Kuzmanovska

Сервер се плаши дека Вучиќ и Тачи би можеле да постигнат договор што подразбира размена на територии

Stefanija Kuzmanovska

Годишнина од независноста на Косово: Каде беа денешните лидери пред 12 години

Stefanija Kuzmanovska

Најголемата заблуда за коронавирусот: И претходно имаше гладни, вознемирени и лути, а овие тензии порано или подоцна ќе ескалираат

Влатко Зорба

Како Европа имаше „сè под контрола“?

Stefanija Kuzmanovska

„Еурактив“: Турција има еден месец да избегне санкции

Stefanija Kuzmanovska