АНАЛИЗИ

Смртноста од Ковид-19 кај децата е многу ретка

Медицински студии спроведени во Европа врз деца со ковид-19 посочуваат дека смртноста е исклучително ретка меѓу нив, пишува БиБиСи. Досега, четири од 582 заразени деца починале од ефектите на ковид, од кои две страдаат од коморбидитети.

Забележано е дека кај децата симптомите обично биле благи, а лицата кои биле тестирани за коронавирус дури и не ги покажувале. Но, секое десетто дете завршило на интензивна нега.

Лекарите велат дека студијата влева надеж, но научниците допрва треба да пронајдат соодветен третман за деца кои развиваат најтешка форма на болеста.

Што покажа студијата?

Група научници предводени од експерти од Институтот за здравствена заштита на децата во детската болница „Great Ormond Street“ во Лондон ја надгледуваа состојбата на 582 заразени деца на возраст од три до 18 години од 25 европски земји.

Во екот на епидемијата во април, сите беа позитивни за коронавирус, а една четвртина имаше истовремени здравствени проблеми.

Од четирите деца кои починале (0,69 проценти од примероците) ниту едно не било помладо од 10 години, а две од нив страдале од други болести.

На повеќе од половина од децата запишани во студијата им беше потребен болнички третман, а 8 проценти завршија на интензивна нега.

Кои биле симптомите кај хоспитализираните деца?

Децата најчесто имаат треска (65 осто), инфекција на горниот респираторен тракт (54 отсто), пневмонија (25 отсто) и симптоми на гастроинтестинални симптоми (22 отсто).

Околу 16 проценти од децата, тестирани затоа што оствариле контакт со заразено лице, не покажале никакви симптоми.

Какви се последиците?

Истражувачите посочуваат дека стапката на смртност кај новороденчињата е „значително пониска“ отколку што покажува студијата, со оглед дека лицата кои развиле благи симптоми сè уште не биле тестирани во моментот на спроведувањето на студијата.

Тие додаваат дека треба да се соберат дополнителни информации бидејќи тоа ќе им помогне на лекарите да изберат најдобра терапија за деца со ковид-19.

Д-р Марк Тебригж од Институтот за здравје на деца во детската болница „Great Ormond Street“ вели дека е забележана само поблага форма на болеста кај повеќето деца и млади.

„Но, не треба да го игнорираме фактот дека некои деца имаат заболено од потешка форма на ковид-19, за која е потребна интензивна нега.

Тој исто така вели дека децата кои, покрај ковид-19, исто така, имале друг респираторен вирус, почесто завршувале во одделението за интензивна нега.

„Оваа информација треба да биде земена во предвид кога зборуваме за зимскиот период пред нас и кога инфекциите како што се настинки и грип се почести“, рече д-р Бегона Сантијаго-Гарсија од Универзитетскиот болнички центар Грегорио Маранон во Мадрид.

Резултатите од истражувањето беа објавени во стручното списание The Lancet Child and Adolescent Health Journal.

Поврзани вести

Истрагата за украинската афера влегува во нова фаза

Влатко Зорба

Нов фронт во ЕУ: Курц против оската Меркел-Макрон

Самит од кој сите се враќаат дома задоволни и ги тријат рацете

Зошто заразените со коронавирус го губат чуството за мирис и вкус?

Во Германија повторно легализирана медицинската помош при извршување самоубиство

Stefanija Kuzmanovska

Светски научници: Високите температури ја намалиле смртноста од Ковид-19