АНАЛИЗИ

Социјалистите на Милошевиќ како „лепенка“ на секоја власт

Една јулска вечер пред 30 години, десетици илјади луѓе во Србија заспаа како комунисти, а наутро се разбудија како социјалисти. Тоа беше денот кога Сојузот на комунисти на Србија престана да постои, а се роди Социјалистичката партија на Србија (СПС), пишува „Алџезира Балканс“.

Освен името, ништо драстично не се промени. Логиката и методологијата на власта остана иста, како и лидерот – Слободан Милошевиќ. И скоро за сите 30 години СПС е на власт, со пауза од 2000 до 2003 година. Затоа не е изненадувачки тоа што слоганот што го наменија за себе по повод јубилејот гласеше „Ние постојано стоиме“.

СПС е партија што ги преживеа сите крвави конфликти на територијата на поранешна Југославија и поразите од секоја војна во која го поведе својот народ. Таа, исто така, го преживеа и 5 октомври 2000 година, по демократските промени. Го преживеа и Слободан Милошевиќ и куферот на Ивица Дачиќ. Ќе ги преживее и претстојни избори.

Дачиќ ќе мора сам во изборната трка

Пред Дачиќ, како и пред целата партија, е предизвикот на претстојните парламентарни, покраински и локални избори. Бидејќи не му успеа замислата овој пат да се вметне на заедничка листа со СНС, Дачиќ ќе мора да се бори сам во изборната трка. Слично како Вучиќ, и тој инсистира на резултат кој е повисок од оној на претходните избори, кој изнесуваше 11 отсто.

Дали СПС ги губи своите гласачи?

Според поранешниот новинар кој денес е сопственик на ПР агенцијата „Прагма“, Цвијетин Миливојевиќ, СПС ги губи своите гласачи, како во биолошка така и во физичка смисла.

„СПС традиционално смета на постарата популација во избирачкото тело на Србија. Дел од гласачите на СПС природно исчезнаа, а дел заминаа кај Вучиќ. На тој начин, уште еден дел од постарите гласачи си заминаа од СПС“, вели Миливојевиќ.

Сепак, тој додава дека СПС ќе биде дел од новата власт, која ќе биде формирана по изборите во април, затоа што тие едноставно се во надлежност на СНС. Дали ќе преживее и Вучиќ е прашањето што треба да си го постави секој социјалист во Србија денес.

Поврзани вести

Како ќе изгледа животот во 2022 година

Рускиот тест за Емануел Макрон

Влатко Зорба

Австралија, Нов Зеланд и Исланд се најбезбедни држави во случај на апокалипса

Maja_Serafimova

Симптоми немаат 50 отсто од заразените во Шпанија, од корона заболуваат се помлади

ЕУ со „излезна стратегија“ кон средината на април?

Stefanija Kuzmanovska

Како загадувањето на воздухот го влошува коронавирусот: Штетните честички ја зголемуваат смртноста