АНАЛИЗИ

Стапката на испарување на влагата во воздухот е клучен фактор во пренесувањето на коронавирусот

Научниците открија дека стапката на испарување на влагата во воздухот е клучен фактор во пренесувањето на коронавирусот САРС-CoV-2, според EurekAlert!

Користејќи теоретско моделирање и хидродинамички експерименти, експертите го проучувале влијанието на влажноста, температурата на околината и брзината на ветерот врз распределбата на најмалите капки плунка што содржат вирусни честички.

Се покажа дека одржливоста на вирусот е значително намалена при високи температури и ниска релативна влажност како резултат на високата стапка на испарување. Во топло време со голема влажност, веројатноста за пренесување на коронавирус останува голема.

Научниците велат дека наодите објаснуваат зошто пандемијата се интензивирала во јули во различни градови низ светот со топла и влажна клима.

Поврзани вести

Фејсбук, расизам и реклами: Дали бојкотот може да ја „убие“ познатата социјална мрежа

Ако Трамп биде реизбран за претседател на САД, може да се зборува за крајот на „глобалниот Запад“

Влатко Зорба

Нов фронт во ЕУ: Курц против оската Меркел-Макрон

Кај секој починат од корона пронашле згрутчување на крвта

Шведска во време на пандемија: Доверба во граѓаните, наместо остри мерки

Влатко Зорба

Пет најлуди теории на заговор за коронавирусот во кои веруваат и многу луѓе во Македонија