АНАЛИЗИ

„Страшилото на Вол Стрит“: Од што се плашат милијардерите во САД?

Го нарекуваат Берни Сандерс „Страшилото на Вол Стрит“. Милијардерите и играчите наберзите се загрижени. Тие стравуваат дека ако левичарските кандидати како Сандерс или Ворен дојдат на власт во Соединетите држави, тоа ќе ги удри по џебовите.

Финансискиот канал „CNBC“ не е место за емоции. Сепак, милијардерот Лион Куперман не успеа да се воздржи за време на интервјуто кон крајот на минатата година. Само неколку минути откако започна разговоро, тој едноставно избувна во солзи: „Загрижен сум“, призна 76-годишниот финансиер.

Куперман не ги крие своите непријателски чувства кон претседателскиот кандидат Елизабет Ворен. И тој се плаши дека може да победи на изборите во ноември. Милијардерот Купермен е најзагрижен за својот паричник, бидејќи тој е меѓу оние 0,1% од најбогатите Американци, кои Ворен сака да ги оданочи со данок „богатство“. Сите кои поседуваат над 50 милиони американски долари ќе плаќаат данок од 2%, а милијардери како Куперман – дури 6%.

Ворен планира да собере четири милијарди долари до 2030 година со новиот данок.
„Кој успеал да го достигне врвот, може безбедно да плаќа поголем данок, за сите останати да имаат шанса“, рече таа за време на предизборна кампања на почетокот на декември.

„Сиромавите“ милијардери

Методите на Ворен ќе имаа драстични последици за богатите во Соединетите држави. Ако нејзините даночни идеи беа спроведени уште во 1982 година, богатството на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, не би достигнало 97 милијарди американски долари, туку само 13,9 милијарди американски долари, објаснува Габриел Закман, економист во Универзитетот во Беркли.

Ова нема да влијае само на личното богатство на најбогатите луѓе во Америка, предвидуваат експертите. Финансиските пазари исто така ќе настрадаат. Пол Тудор Џонс, менаџер на хеџ фонд, предвидува вистински пад на берзата. Според него, доколку биде избрана Елизабет Ворен, цените на акциите ќе паднат за 25 проценти или повеќе за една година.

Финансиските советници со месеци ги предупредуваат своите клиенти дека Ворен би можела да победи во трката. Еден од нив, Барет Табик, наведе десет закани на почетокот на октомври што може да се постигнат преку ваквите политички случувања. Ворен би создала сериозни тешкотии за нафтените и компании за гас затоа што се очекува да го забрани фракингот, предупредува Табик во своето писмо.

Таа сака да ги зголеми корпоративните даноци, да ги нападне технолошките гиганти и да го оживее законот „Глас-Стигал“, со кој се наметна строга поделба помеѓу банкарството за инвестиции и кредитирањето на приватниот капитал. Овој закон, кој датира од 1930-тите, го укина Бил Клинтон кон крајот на 90-тите години. Многу експерти веруваат дека неговото повлекување било една од главните причини за финансиската криза во 2007 година.

Ворен во улога на непријател

Плановите на Елизабет Ворен ќе го ограничат профитот на американските компании, вели Табик. „Ворен е безобразен популист кој, кога е на власт, ќе постави мерки што би ги загрозиле корпоративните профити во корист на другите засегнати страни“.

Жените, малцинствата и обичните работници ќе имаат најголема корист од политиките на Ворен, додека акционерите и сопствениците на деловни активности ќе претрпат загуби. „Сите нејзини идеи на крајот ќе имаат негативно влијание – не само на целиот пазар, туку и на одделните сектори како што е технолошката индустрија и индустријата за вооружување“.

Роберт Волф, поранешен директор на американскиот огранок на швајцарската банка УБС, смета дека стравувањата на Вол Стрит се неосновани. „Ворен се држи до капитализмот, но сака тој да биде фер, избалансиран и регулиран. Сè уште не знаеме што значи тоа навистина, но засега немам причина за загриженост“, изјави Вулф пред „Венити Фер“

Вулф ги сумира изборните расположенија на Вол стрит како што следува: „40% од инвеститорите се убедени дека демократите ќе ја поддржат Ворен, без оглед на ризиците. Друг 40% се непоколебливи републиканци кои ќе останат лојални на нивниот претседател, Доналд Трамп. Другите 20% се луѓе кои гласаа за различни кандидати: тие ги поддржаа Барак Обама во 2008 година, Мит Ромни во 2012 година и Хилари Клинтон во 2016 година. Со други зборови, тие немаат јасни преференци, правејќи ги претстојните избори уште понепредвидливи..

Волф, сепак, им дава мала предност на демократите. „Хаосот на Трамп собори голем дел од финансискиот сектор“, вели тој.

Стравот од Берни Сандерс

12 демократи земаат учество во првичните избори во Ајова. Во трката таму, сепак, фаворит не е Елизабет Ворен, туку Берни Сандерс. Како неа, тој сака да ги зголеми корпоративните даноци, да го забрани фракингот и да го регулира финансискиот сектор, многу посериозно од неговата конкурентка. Затоа инвеститорот Џефри Гундлах, кој ја предвидеше победата на Трамп во 2016 година, го опишува како „страшилото на Вол Стрит.“ Гундлах смета дека Сандерс е фаворит за демократски кандидат.

„Берни е многу посилен отколку што луѓето го замислуваат“, изјави тој за CNBC. И тој предупреди: „Берни Сандерс е најголем ризик за финансиските пазари оваа година“.

Сем Стовал смета дека ова е големо преувеличување. Тој ја следи динамиката на берзата во изборните години. Без разлика дали ќе ги добијат демократите или републиканците, акциите во најголем број случаи растат. Индексот С & П 500 rastel во просек за 6,3% во изборните години од Втората светска војна.

И оваа година, тој очекува зголемувања на курсевите, од кои корист би имал Трамп.
„Економијата бележи силен раст, како и профитот на компаниите. Мислам дека Вол Стрит ќе ја „реизбере сегашната влада“, вели тој. Новото управување само ќе донесе нови предизвици и неизвесност.

Со даночни подароци и дерегулација, Трамп ги освои симпатиите на финансиерите и корпоративните газди. Сепак, трговската војна со Кина продолжува да создава тешкотии и грижи за многу инвеститори.

Шансите на Блумберг

Токму овој факт неодамна го зголеми одобрувањето за Мајкл Блумберг.

„Блумберг е разумен бизнисмен кој се докажа во три мандати како градоначалник на Њујорк“, вели Стовал. Други финансиски и технолошки претставници го поддржуваат Блумберг, вклучувајќи го и шефот на Амазон, Џеф Безос. Пред околу една година, Блумберг изјави дека нема да се кандидира, но се шпекулира дека Безос лично побарал од него да ја преиспита неговата одлука.

Во своите говори за кампањата, Блумберг вети дека ќе создаде нови работни места и ќе се бори против насилството. Поранешниот градоначалник на Њујорк, исто така, донира милиони за борба против климатските промени. Затоа, не е многу популарен кај претставниците на нафтената и гасната индустрија. Пред една година, тој ја основа компанијата Beyond Carbon, која работи за енергетска револуција. Исто така е противник на тутунската индустрија. Од 2007 година, Блумберг донираше една милијарда долари на кампања против пушењето.

Берни Сандерс и Елизабет Ворен, исто така, ги имаат „на нишан“ тие индустрии. ЈП Морган објави список со 51 акции што би страдале при управувањето на прогресивната левица, пренесува Њујорк Тајмс. Станува збор за банкарскиот сектор, технолошкиот сектор, но и синџирите за пица во стилот „Папа Џонс“, а нивниот профит е во опасност бидејќи Сандерс и Ворен сакаат да ги зголемат минималните плати.

Лион Куперман е против овие цели на демократите.

„Нема да ги збогатите сиромашните луѓе со тоа што ќе ги натерате богатите да осиромашат“, вели тој, цитирајќи го Винстон Черчил.

„Порокот на капитализмот е нееднаквата распределба на богатството. Порокот на социјализмот е рамномерната распределба на мизеријата“, вели милијардерот.

Сабрина Пабст, ДВ

Поврзани вести

Коронавирусот го промени идентитетот на Милано

Stefanija Kuzmanovska

Што го прави Сингапур толку успешен во борбата против коронавирусот?

Stefanija Kuzmanovska

Со секоја пандемија тие се побогати: Документиран начин на работа на фармакомафијата (ВИДЕО)

Нови детали за убиството на новинарката од Малта: Трагата води кон Црна Гора

Stefanija Kuzmanovska

Социјалистите на Милошевиќ како „лепенка“ на секоја власт

Stefanija Kuzmanovska

Забрана за патувањa: Зошто Тајланд продолжува да ги прима кинеските туристи и покрај опасноста од коронавирусот?

Никола Поповски