АНАЛИЗИ

СЗО: Повеќе од 95 отсто од смртните случаи од КОВИД-19 во Европа се постари од 60 години

Повеќе од 95% од оние кои починале од инфекција од коронавирус во Европа биле постари од 60 години, но младите луѓе исто така не се безбедни, изјави денес д-р Ханс Клуж, директор на европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).

Клуж рече дека возраста не е единствениот ризик фактор за добивање на тежок облик на коронавирус, кој принуди милијарди луѓе ширум светот во изолација и ја затвори глобалната економија.

„Самата идеја дека КОВИД-19 влијае само на постарите луѓе е всушност погрешна. Младите луѓе не се непобедливи“, вели тој.

Коментарите на Клуж се слични на изјавите дадени од Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

Здравствената агенција при ОН соопшти дека 10 до 15 проценти од луѓето под 50 години имаат умерени или тешки случаи на КОВИД-19.

„Тешки случаи на заболувања се забележани и кај луѓе во своите тинејџерски или дваесетти години, на многумина им е потребна интензивна нега, а некои за жал починаа“, рече Клуж.

Тој додаде и дека неодамнешните статистики покажуваат дека 30.098 луѓе починале во Европа, повеќето во Италија, Шпанија и Франција.

„Знаеме дека повеќе од 95 проценти од смртните случаи се случиле кај луѓе над 60 години, а повеќе од половина кај оние над 80 години“, прецизира Клуж.

Исто така, Клуж објасни дека повеќе од 80 проценти од починатите имаат барем една хронична основна состојба како што се кардиоваскуларни заболувања, хипертензија или дијабетес.

„Од позитивна страна, има извештаи за луѓе над 100 кои биле примени во болницата со дијагноза КОВИД-19 и биле целосно опоравени“, заклучи Клуж.

На 11 март, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи „глобална пандемија“ поради ширењето на коронавирусот.

Покрај Европа, СЗО ги прогласи Соединетите држави за нов епицентар на пандемијата на коронавирус, која за прв пат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.

Повеќе од 47.000 луѓе починаа од КОВИД-19 ширум светот, а повеќе од 930.000 случаи на заразени со коронавирус во повеќе од 180 земји се потврдени, покажуваат податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс.

Поврзани вести

Европски суд на правда: Полска, Унгарија и Чешка го прекршуваат законот на ЕУ заради бегалците

Stefanija Kuzmanovska

Кои се шансите за преживување по инфекција со коронавирусот?

Влатко Зорба

Научниците откриваат зошто младите умираат од коронавирус: Знаете ли што е цитокин бура?

„Гардијан“: Зошто Балканот страда помалку од коронавирусот од Западна Европа?

Србија ќе мора да избере – или со ЕУ или со Русија

user4

Криминалците го искористуваат стравот на Европа од вирусот

Stefanija Kuzmanovska