АНАЛИЗИ

Вакцината против туберкулоза помага против коронавирус?

Вакцината бацил Калмет-Герина (бе-се-же) е вакцина која првенствено се користи против туберкулоза. Таа постои уште од почетокот на минатиот век и е единствената дозволена вакцина против оваа болест на белите дробови. Вакцината VPM1002 е развиена врз основа на таа супстанција, пренесува „Дојче веле“.

Научниците од Институтот „Макс Планк“ генетски ја изменија бе-се-же вакцината. Ако новата супстанција ги задоволи сите клинички тестови, таа ќе се примени ширум светот против туберкулоза во наредните години. Проектот е воден од инфекциониот биолог Штефан Кауфман. Во моментов, научниците ја тестираат ефикасноста на вакцината VPM1002 кај коронавирусот.

Претходната вакцина ја докажа нејзината ефикасност, вели Кауфман.

„Различни студии покажаа дека бе-се-же може да се заштити од вирусните инфекции на дишните патишта. Таа го стимулира вродениот имунитет и со негова помош може да изгради одбрана против бројни предизвикувачи на инефекции на белите дробови. Бидејќи го знаеме ова, и нашата нова вакцина би требало да делува слично“, додава тој.

VPM1002 го зајакнува имунолошкиот систем

Експериментите на глувци покажале дека VPM1002 го активира имунолошкиот систем и со тоа може значително да ги ослабне вирусните инфекции како што е „Ковид-19“. И вакцината и патогенот секогаш предизвикуваат имунолошкиот систем да реагира на два начина. Вродениот или неспецифичниот имунитет може брзо да ги убие вирусите. Но, постои и стекнат или специфичен имунитет.

„Во заедничка акција на овие два система настанува најдобар можен одбранбен одговор на организмот“, објаснува Кауфман.

Првата препрека е совладана

Институтот „Пол Ерлих“ веќе ја дозволи третата фаза од клиничкото испитување за вакцината VPM1002 како средство против коронавирус. Различни германски универзитетски клиники ги спроведуваат овие испитувања. На почетокот на мај, научниците треба да утврдат дали VMP1002 го активира неспецифичниот имунолошки систем.

„Со тоа тешката клиничка слика кај заразените лица со коронавирус би требало да се ублажи“, објаснува Јакобус Бош, член на тимот на професорот Кристоф Шиндлер, раководител на клиничкото испитување.

VPM1002 како привремено решение

Дури и ако сите овие тестови дадат добри резултати, тоа нема да ја замени специјалната вакцина против коронавирус, предупредува Штефан Кауфман. Но VPM1002 може да се произведе во големи количини во најкус можен рок и со тоа ќе помогне да се премости периодот до пронаоѓање на вакцината.

Поврзани вести

Купување „лајкови“: еден повеќе од опасен бизнис

Влатко Зорба

Русија ќе биде прва во светот која ќе одобри вакцина за Ковид-19

Беснее планетата: Протести од почетокот на годината го тресат светот

Откриени „суперпреносителите“ на коронавирусот

Александар Петровски

Кина, а не Америка, ќе одлучат за судбината на планетата

Влатко Зорба

Забрана за патувањa: Зошто Тајланд продолжува да ги прима кинеските туристи и покрај опасноста од коронавирусот?

Никола Поповски