АНАЛИЗИ

Влијанието на убиството на новинарот Куцијак врз изборите во Словачка

Во Словачка утре ќе се избира нов парламент. На резултатот секако ќе влијае и убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, кое ја потресе земјата пред две години, пишува „Дојче веле“.

„Би сакал да ве замолам само едно: Излезете на избори и гласајте користејќи ги главата и срцето“, изјави Јозеф Куцијак минатата недела, на 21 февруари.

Тогаш се одбележуваше втората годишнина од убиството на неговиот син Јан и неговата вереница Мартина Кушнирова. Двајцата беа убиени затоа што Јан, кој работеше како истражувачки новинар, истражувал криминални активности во кои биле вмешани некои словачки бизнисмени. По долгата истрага, на обвинителната клупа се најде Маријан Кочнер, кој наводно во февруари 2018 година го нарачал убиството.

„Веќе е сè кажано и јас верувам дека сите разумни сега знаат за кого би требало да гласаат“, вели Куцијак.

Никој не знаеше…

„Тоа убиство од темел ја промени Словачка. За време на истрагата се откри до кој степен е навлезена мафијата во сите главни државни органи. Никој не знаеше како тој човек (Кочнер) успеа за себе да изгради толку силна позиција во судството, обвинителството и владата“, рече Григориј Месежников, претседател на Институтот за јавни прашања за „Дојче веле“.

По убиството дојде до масовни протести низ целата земја. Младите од Иницијативата за пристојна Словачка, кои ги организираа протестите, сметаат дека владејачката партија Смер-СД создаде таква клима во земјата, во која беше можно убиство. Тие сега сакаат да ја спречат таа партија да остане на власт.

„Резултатите од истрагата беа потресни и силно влијаеја врз луѓето. Тие промени сега мораат да се одразат и на изборите “, додава Месежников.

Според најновата анкета на јавното мислење, партијата Смер на поранешниот премиер Роберт Фиц сè уште е на прво место. Но со 17 отсто од потенцијалните гласови далеку е од можноста да формира влада самостојно. Засега сите други партии тврдат дека нема да влезат во коалиција со Смер по изборите.

Поврзани вести

Криминалците го искористуваат стравот на Европа од вирусот

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирусот во Европа – нов тест за ЕУ

Stefanija Kuzmanovska

Дали Венецуела ќе ја снајде судбината на Либија?

Stefanija Kuzmanovska

Социјалистите на Милошевиќ како „лепенка“ на секоја власт

Stefanija Kuzmanovska

Ќе ја исклучат ли Турција од НАТО?

user4

И 55 години по убиството на Малком Екс, се уште слушаме многу погрешни работи за него

Stefanija Kuzmanovska