АНАЛИЗИ

Во Германија повторно легализирана медицинската помош при извршување самоубиство

Федералниот уставен суд во Карлсруе го поништи членот 217 од Кривичниот законик, со кој во Германија беше забранета институционалната помош при извршување самоубиство. На ваквата одлука се надеваа многу тешко болни пациенти, пренесува „Дојче веле“.

Овој вид самоубиство до вчера беше забранет со членот 217 од германскиот Кривичен законик донесен во декември 2015 година. Целта на законот беше да им се забрани „бизнис со смртта“ на здруженија и поединци.

Патот кон смртта

Но последиците од забраната беа огромни: не само што со своите услуги се повлекоа помагачите при извршување самоубиство кои ги имаше до 2015 година, туку и многу лекари во германските болници веќе воопшто не сакаа да разговараат со пациентите за медицинска помош при самоубиство. На тешко болните пациенти кои сакаа да ги скратат своите маки не им беше преостанато ништо друго освен да побараат помош во Швајцарија или Холандија. Таму е дозволено асистираното самоубиство.

На оние кои поради недостаток на сила или пари, не беа во можност да тргнат на тој пат, единствено им преостануваше да побараат помош при извршувањето на самоубиството од членовите на семејството затоа што спорниот член на законот не се однесуваше на нив. Но кој би оптеретил некој близок со таква молба?

Поради тоа пациентите и лекарите поднесоа тужба во Федералниот уставен суд.

Нови правила

Федералниот уставен суд вчера донесе пресуда дека членот 217 не е во согласност со германскиот основен закон (со Уставот): почитувањето и заштитата на човековото достоинство и слободата се толку фундаментални принципи на германскиот Устав, така што државата и општеството мораат да прифатат кога луѓето сакаат да извршат самоубиство како чин на автономно самоопределување. Личноста смее сама да одлучи дали животот е вреден за живеење.

Поврзани вести

Коронавирус и Италија: „Како и во секоја војна, избираме кои пациенти ќе ги лекуваме“

Stefanija Kuzmanovska

Како хакерите ја користат паниката и стравот за да шират компјутерски вируси?

Stefanija Kuzmanovska

Белорусија: Единствената земја во Европа која не е загрижена за пандемијата од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Научниците откриваат зошто младите умираат од коронавирус: Знаете ли што е цитокин бура?

Искендеров за ИФЕМЕС: Дали Балканот ја дели ЕУ?

Влатко Зорба

Проф. Д-р Наумова: Колективните кризни состојби не водат автоматски до психолошка апокалипса

Stefanija Kuzmanovska