АНАЛИЗИ

„Враќање на невиноста“: Што е тоа и зошто некои сакаат да го забранат

Активисти во Велика Британија ја повикуваат владата да ја забрани операцијата за „враќање на невиноста“, пишува Би-би-си.

Жените кои се одлучуваат за оваа операција, во најголем број од случаите се муслиманки од конзервативни средини, на кои им се заканува отпадништво или, во екстремни случаи, дури и смрт, ако нивните сопрузи или семејството дознаат дека имале секс пред брак.

Тие се одлучуваат за медицинска постапка на „враќање на невиноста“, позната и како хименопластика.

Зафатот се состои во обновување на хименот, мембранскиот слој на влезот во вагината.

Нема здравствени придобивки

Активистите кои повикуваат на забрана на зафатот, наведуваат дека од истиот нема никакви здравствени придобивки.

Но постои загриженост дека забраната би ја зголемила опасноста зафатот да почне да се изведува на црно.

Прва брачна ноќ

Во моментов постојат најмалку 22 приватни клиники низ Велика Британија кои нудат операција за обновување на хименот, според неодамнешното истражување спроведено од „Сандеј Тајмс“.

Тие наплатуваат и до 3.000 фунти за операцијата, која трае околу еден час.

Активистите за правата на жените велат дека ваквите клиники профитираат од муслиманките кои се плашат од тоа што ќе им се случи доколку не се „чесни“ на првата брачна ноќ.

Психолошка поддршка

Колин Мелвил, медицински директор и директор за образование и стандарди при Генералниот медицински совет во Велика Британија изјави дека е од витално значење лекарите најпрво да размислат за „ранливоста и психолошките потреби на своите пациенти“.

Прашање на согласност

Доколку пациентот е под притисок од другите да донесе некаква одлука, неговата согласност можеби не е доброволна. Ако лекарот процени дека детето или младата личност не сакаат козметичка интервенција, истата не би смеела да се изведе, наведе Мелвил.

Активистите велат дека многу малку се знае за долгорочните последици од ваквата операција и се загрижени дека жените не добиваат доволна психолошка поддршка пред да се одлучат за ваков оперативен зафат.

Поврзани вести

Социјалистите на Милошевиќ како „лепенка“ на секоја власт

Stefanija Kuzmanovska

Oд епидемијата на коронавирус во Кина до светска криза требаше месец дена

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирус: Тедрос Аданом Гебрејесус – човекот во центарот на борбата против заразата

Stefanija Kuzmanovska

Фронтекс: Што прават европските граничари кога има хаотични сцени на надворешните граници?

Никола Поповски

Фиктивен брак со жена од Бугарија, профит до 7.000 евра

Влатко Зорба

Ердоган и децата бегалци

Stefanija Kuzmanovska