АНАЛИЗИ

Зошто во Русија има помалку заразени со коронавирус од Луксембург?

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја успеала да го спречи масовното ширење на коронавирусот благодарение на раните и агресивни мерки.

Си-ен-ен се прашува: Дали Русија го држи под контрола коронавирусот?

Според информациите објавени во јавноста, се чини дека стратегијата на Путин функционира.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Русија е изненадувачки мал, и покрај тоа што Русија има многу долга граница со Кина и го забележа првиот случај на зараза уште во јануари.

Бројот на заразени се зголемува, но Русија, земја со 146 милиони луѓе, има помалку потврдени случаи на коронавирус од Луксембург – заразени се само 367 лица.

Спротивно на тоа, Луксембург кој има 628.000 жители, има 798 случаи на коронавирус и осум смртни случаи.

Руските мерки за навремено реагирање, како што се затворање на границата во доина од 2.600 километри со Кина уште на 30 јануари и воспоставување карантинска зона, можеби придонесоа за одложување на избивање на епидемијата во полн ек, наведуваат експерти.

Но тоа не значи дека немаше „дупки“ во руската одбрана.

Русија не започна веднаш да ги тестира оние што доаѓаат од Италија или другите тешко погодени земји на ЕУ, ограничувајќи ја контролата врз луѓето кои доаѓаат од Европа со мерење на температурата и воведување на двонеделни карантини.

Според здравствените работници, повеќето случаи на коронавирус пријавени во Русија дошле од Италија.

Поврзани вести

Како Данска успеа да го заузда коронавирусот и меѓу првите да ги укине мерките

Коронавирус: Зошто некои европски земји ја одбија опремата од Кина?

Stefanija Kuzmanovska

ДВ: Ердоган во Србија – Малку економија, многу маркетинг

Влатко Зорба

Дали треба на помладите од 21 година да им се забрани да купуваат цигари?

Stefanija Kuzmanovska

Водечкиот германски виролог тврди дека не постои можност за повторна зараза со коронавирус

Бугарски новинар: Сега не е време за нов спор, Бугарија не треба да биде новата Грција за Македонија