Џером Боатенг го заврши своето учество во американската летна турнеја на Баерн Минхен. Шампионот во Бундеслигата му дозволи на дефанзивецот да се врати во Германија од „лични причини“.
30-годишниот поранешен германски репрезентативец, најверојатно, ќе се пресели во друг тим во текот на летото, иако тој силно играше во последната контролна на Баварците. Боатенг се врати дома веднаш по победата на Баерн со 3-1 над Реал Мадрид во Хјустон.
„Од спортска гледна точка, јас сум среќен со неговата изведба. Јас, како и сите други во тимот, добро го познаваме. Големи пофалби за него. Покажа најдоброто од себе, се подготвува совршено. Се појави со идеална тежина и добра физичка форма“, изјави за медиумите тренерот на германскиот шампион Нико Ковач.
Иднината на Боатенг останува неизвесна, иако има договор со гигантот од Минхен за уште две сезони.