Во последните месеци, Бред Пит се врати во јавниот домен, и ние во никој случај не жалиме за тоа. Вистинско задоволство беше да го гледаме на црвените теписи и филмските фестивали до премиерата на новиот филм на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“. Потоа уживавме и кога го гледаме во самиот филм, откако не потсети на она што го имавме заборавено во последно време – дека Бред Пит, покрај поранешен сопруг на Анџелина Џоли, е исто така многу добар актер.
За среќа, ќе го гледаме и во есен, заедно со премиерата на неговиот друг нов филм „Ad Astra“, во кој глуми астронаут. И, не би се изненадиле ако го споменат неговото име во номинациите за претстојните филмски награди на крајот на годината.
И бидејќи Бред Пит ретко дава интервјуа и поретко се снима во фотосесии за списанија, сега не можеме да ви помогнеме да ви ја покажеме новата сеисја на GQ. Токму ова списание го избра Пит пред неколку години за да се огласи во јавноста за неговата разделба со Џоли и неговите проблеми со алкохолот. А фотосесијата за статијата тогаш беше импресивна.
Сега не зборува за разделбата, за своите демони, за децата, болката. Овој пат во интервју за магазинот, Пит зборува за староста, киното, славата, папараците, важните животни лекции.
„Мислам дека е од возраста, но како што стареете, толку помалку важни почнуваат да бидат победите и поразите. Во еден момент, сфаќате дека не сте освоиле толку многу, ниту изгубиле толку многу. Како го минуваш времето и со кого – тоа е важно за мене сега, тоа има значење“, вели 55-годишниот актер во интервјуто.
И бидејќи тој е скоро цело време во центарот на вниманието, живеел во ерата на папараците, а сега во ерата на социјалните медиуми и мобилните технологии, постои многу добра аналогија на славата и чувството да се биде секогаш набљудуван: „Сеедно како да сте осамена газела во степа. Тигрите се таму во тревата, а вие сте свесни за тоа. Но, вие сте сами, сте го изгубиле стадото. Повеќе не се чувствувате како дел од него. Такво е чувството за губењето на личниот простор. Чувството секогаш да се биде ловен, следен“.
Тој исто така вели дека сега многу внимателно ги избира своите улоги, а фактот дека сега излегуваат два филма со негово учество не значи дека тој активно се враќа во актерската професија.
„Не ги разбирам актерите што се спојуваат со нивните ликови толку многу што треба да поминат неколку месеци за да излезат од улогата. За мене, најсреќен ден е кога тие велат: „снимањето заврши“, вели Пит. „Неодамна разговаравме со Лео дека кон крајот на 90-тите, јас достигнав фаза каде што сакав и барав само интересни улоги, но навистина не го живеев интересниот живот што можев да го имам. Сега се обидувам да го сменам тоа“, вели тој.
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ
- Бред Пит за GQ