СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Борбата против коронавирусот бара економски жртви, но не до бескрај

Блокадата поврзана со коронавирус спасува животи, но уништува егзистенција. Вреди ли? Бев обвинет дека ја игнорирам цената за овие мерки. За економист, ова е воинствен разговор. Без разлика дали нè сакате или мразите, тоа што го правиме ние економистите е да мислиме на тешки компромиси, пишува Тим Харфорд за „Фајненшал тајмс“.

Три моменти треба да бидат очигледни. Прво, потребна ни е стратегија за да излеземе од блокадата и подобра од таа на претседателот Доналд Трамп: „Еден ден како чудо тоа ќе исчезне.“ Проширувањето на капацитетот за итни случаи, пронаоѓање подобар третман и тестирање за инфекција а антителата може да бидат дел од решението, заедно со вакцината на долг рок.

Второ, економската цена на секоја блокада мора да се спореди со онаа на алтернативните политики, а не со недостижниот индикатор за свет, во кој вирусот никогаш не постоел.

Трето, вредноста на човековиот живот е надвор од дискусиите. Оваа недела изгубив ментор со безгранична љубезност. Додека ги пишувам овие зборови, слушам дека сакана членка на моето семејство стигнува до крајот на своето извонредно патување. Нивниот живот, како и сите други, беше бесценет.

Колку и да сакаме да ги свртиме очите од прашањето, тоа виси упорно: дали вреди?

Ние трошиме пари за да спасиме животи цело време – со изградба на противпожарни станици, издавање на безбедносни регулативи и субвенционирање на медицински истражувања. Секогаш има момент кога ќе одлучиме дека потрошивме доволно. Не сакаме да размислуваме за тоа, но подобро е да го сториме тоа отколку да се однесуваме невнимателно. Значи, што сме подготвени да жртвуваме, економски, за да спасиме живот?

Студија на американските воздушни сили од 1950 година се осврна на ова прашање, со препорака за самоубиствена воена стратегија што ги проценува животите на пилотите на точно нула. Другите рани обиди за истражување го проценуваат животот преку изгубената добивка, што би ја добила предвремената смрт – според која пензионерите не чинат буквално ништо, а смртта на дете е скапа само доколку не може да се замени со ново бебе.

Покојниот Томас Шелинг, економист добитник на Нобелова награда, ги исмејуваше овие грешки, замислувајќи смрт на некој член на семејството што го храни: „Тој ќе недостасува на семејството, како и неговата плата. Не знаеме што од двете ќе недостасува повеќе“.

Мора да има подобар начин за измерат изборите. Но каков?

Шелинг предложи да не се фокусираме на трошоците за живот, туку на цената на спречување на смртта и намалување на ризиците. Посебен живот може да биде непроценлив, но нашите постапки ни кажуваат дека статистичкиот живот не е така.

Инженерот Роналд Хауард понуди пригодна единица, „микроморт“- ризик од смртност од еден на милион. Всушност, ние постојано ги броиме малите ризици од смрт и одлучуваме дали тие вредат. И покрај недоследноста и белите дамки во нашето однесување, многу го цениме намалувањето на ризиците по сопствениот живот, но не и бескрајно.

Ние гласаме за владите кои го ценат високо нашиот живот. На пример, Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) го проценува статистичкиот живот на 10 милиони американски долари, или 10 американски долари за спречен „микроморт“. Сум видел пониски и повисоки броеви, вели економистот.

Повеќето бројки се дадени како пригодни тркалезни броеви, бидејќи постои премногу неизвесност за „КОВИД-19“ за поголема точност. Под претпоставка дека 1 процент од инфекции се фатални, тогаш ова е состојба на 10.000 „микроморти“. Инфицирањето е 100 пати поопасно од раѓањето или толку опасно како два и пол пати да го обиколиш светот со мотор. За постара или ранлива личност, тоа е уште поризично од тоа. Со проценка на ЕПА од 10 американски долари за „микроморт“, вреди да се потрошат 100.000 долари за да се спречи единечна инфекција со „КОВИД-19“.

Не е потребен софистициран епидемиолошки модел за да се предвиди дека ако не преземеме сериозни чекори за да го запреме ширењето на вирусот, повеќе од половина од светот веројатно ќе се зарази. Ова подразбира смртност од 2 милиони во САД и 500.000 во Велика Британија – претпоставувајќи, пак, дека стапката на смртност е 1%.

Доколку економската блокада во САД ги спаси повеќето од овие животи и чини помалку од 20 трилиони долари, тоа веројатно ќе вредеше. (За споредба, секој пад од 20 проценти на бруто-домашниот производ за еден квартал претставува цена од околу 1 трилион долари.) Може да се расправа за секој чекор од таа пресметка. Можеби некои од оние што умреле биле толку болни што ќе умрат од други причини за неколку дена. Можеби КОВИД-19 не е толку опасен. Сепак, јасно е дека во толку многу загрозени животи, ќе треба да платиме огромна цена за да ги заштитиме.

Треба да запомниме нешто друго: ризикот да згрешиме. Ние неизбежно ќе правиме грешки. Мерките што ги преземаме за контрола на коронавирусот можат да направат поголема штета на егзистенцијата на луѓето отколку што е потребно. Или можеме да дозволиме на вирусот да се рашири, одземајќи непотребни животи. Во распространетата пандемија, втората грешка е потешка за корекција од првата.

Борбата против овој вирус бара економски жртви, но не без ограничување и на неодредено време. Но, ако не сега, тогаш кога?

Поврзани вести

Одлуката на Твитер да забрани политичко рекламирање ги подели политичките табори

msp-admin

На повидок ли е нов биткоин балон?

msp-admin

Зголемувањето на цените на имотите во Европа предизвикува загриженост за одржливоста на пазарот

msp-admin