СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Ќе ги принуди ли пандемијата американските компаниите да го вратат производството во Соединетите држави?

Администрацијата на Трамп тврди дека работните места во производството се враќаат во Соединетите држави, додека фактите го кажуваат спротивното.

Според Foreign Policy, ниту една идеја не била клучна за филозофијата на американскиот претседател Доналд Трамп за „Америка на прво место“ од враќањето на работните места дома, пренесува Танјуг.

Во своето инаугуративно обраќање во 2017 година, Трамп рече дека една по една фабриките се затвораат без да размислуваат за милиони американски работници.

Веднаш штом беше избран, Трамп вети дека ќе ги врати работните места во Америка.

Повеќе од три години подоцна во најневеројатното сценарио на пандемија во која 100.000 Американци ги загубија животите и уништени се повеќе работни места од кога и да било од Големата депресија, администрацијата на Трамп конечно верува дека дојде можноста.

Како што напиша американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер, претходно овој месец, нарушувањето предизвикано од пандемијата од коронавирус ги остави американските компании без избор, освен да ги вратат работните места во Америка.

Враќање на работни места

И министерот за трговија Вилбур Рос изјави во јануари, кога вирусот беше поврзуван само со Кина, дека тоа ќе помогне да се забрза враќањето на работните места во Северна Америка.

Американската администрација работеше на ова прекувремено.

Минатата недела, Taiwan Semiconductor Manufacturing објави дека ќе изгради нова фабрика за чипови во Аризона, која делумно ќе ја намали зависноста на САД од Азија, кога станува збор за напредни полупроводници кои се клучни за одбраната и индустријата.

Федералната влада, исто така, издвои 354 милиони американски долари за стартап во Вирџинија, која ќе произведува генерички лекови и нивни состојки, вклучително и оние што се користат за лекување на КОВИД 19, во САД.

Оставајќи ги настрана штетните последици од надворешната политика на трговската политика „Америка на прво место“, напорите се погрешни од две причини, се вели во весникот.

Прво, малку е веројатно дека комбинацијата на трговска војна и пандемија ќе ги принуди компаниите да повратат значителен обем на производство во Соединетите држави.

И второ, напредокот во автоматизацијата веројатно нема да ги донесе ветените придобивки во однос на добро платените работни места за Американците.

Потпишување на царини за челик и алуминиум, повторно преговарање за северноамериканскиот договор за слободна трговија со Канада и Мексико, водење трговска војна со Кина – сите беа направени со цел да ги принудат американските компании да го вратат производството во Соединетите држави.

Од јануари 2018 година, просечната тарифна стапка на увозот на кинеска стока во САД се зголеми од само 3,1 на скоро 20 проценти.

Победник во трговската војна

Сепак, мал број американски компании го вратија својот бизнис во Соединетите држави.

Според податоците собрани од „Панџива“, филијала на С & П Глобал што ги следи податоците за движењата на синџирот на снабдување, победник на трговската војна е Југоисточна Азија, и особено Виетнам.

Крис Роџерс од „Панџива“ вели дека ризикот од затворање на границите, суспендирање на транспортот и растечките ограничувања на извозот веројатно ќе ги присилат компаниите да ги диверзифицираат своите извори на снабдување за да се заштитат од ваквите нарушувања.

Сепак, во извештајот на консултантската фирма Карни се наведува дека ова е малку веројатно да значи дека САД ќе бидат победник при вториот бран на релокација.

Дури и ако пандемијата некако помогне во тоа, малку е веројатно дека тоа навистина ќе им помогне на Американците повторно да добијат големи плати и стабилни работни места.

Поврзани вести

Тајната на успехот: Зошто имаше огромен скок во вредноста на Bitcoin?

Влатко Зорба

Сите чекаат на Бафет, но каде е Ворен?

msp-admin

Доаѓа ли крајот на традиционалното IPO?

msp-admin