СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Русија ја засилува својата економска експанзија во Африка

Иако Русија традиционално се фокусира на извозот на оружје и жито во Африка, Москва сега бара начини да ги прошири своите операции и влијание на континентот, пишува „France24“.

Ова особено станува јасно во четирите сектори, за кои ќе се дискутира на средбата меѓу Русија и африканските нации закажана за следната среда и четврток во Сочи.

Нафта и гас

Русија е една од најголемите производители и извозници на јаглеводороди во светот преку своите енергетски гиганти Гаспром, Роснефт и Лукоил.

Но, бидејќи 65 проценти од нејзината територија е покриена со трајно замрзнато земјиште, истражувањето и производството се екстремно скапи, така што Русија бара ветувачки резерви во Африка.

Руската државна енергетска компанија „Газпром“ работи во Алжир, каде откри три наоѓалишта на гас, како и во Либија, иако нејзините активности таму главно се во застој поради војната во 2011 година. Групата е исто така заинтересирана да учествува во проект за изградба на гасовод, кој ќе ги поврзува Нигерија и Европа преку Алжир.

Неодамна, Лукоил откри голем број на наоѓалишта на нафта и гас во Гана, Нигерија, Камерун и Египет.

Од своја страна, Роснефт инвестира во огромното,офшорно гасно поле Зор и предвидено е да учествува во околу 20 проекти со нигериската енергетска група Oranto Petroleum.

Нуклеарна моќ

Речиси во цела Африка недостасува нуклеарна енергија, откако во Јужна Африка има само една нуклеарна централа за целиот континент.

Нуклеарните централи изградени во Русија имаат ценовна предност во однос на западните конкуренти, а нејзината нуклеарна компанија Росатом нуди атрактивни договори за финансирање за земјите-клиенти.

Таа веќе има потпишано прелиминарни договори за нуклеарни проекти со Египет, Нигерија, Судан, Кенија, Гана, Замбија и Уганда.

Досега само Египет се согласи да изгради слична фабрика со четири реактори во Дабаа на медитеранскиот брег, која треба да биде готова во 2028 или 2029 година.

Високите трошоци може да бидат застрашувачки, но Росатом вели дека земјите, вклучително и Руанда, покажуваат голем интерес за нуклеарни централи со помал капацитет.

Дијаманти

Русија, која е богата со минерални суровини, има значително искуство во рударството со дијаманти што може да се користи во други земји.

Најголемиот светски производител на дијаманти е руската компанија Алроса, која го отвори рудникот Катока во Ангола во 2003 година. Русите дури изградија хидроцентрала за да обезбедат електрична енергија за нивното работење. Од 2014 година, Алроса бара и нови наоѓалишта во земјата.

Компанијата исто така соопшти дека ќе започне рударски операции во Зимбабве оваа година.

Во меѓувреме, алуминиумскиот гигант Русал, кој претходно беше мета на санкциите на САД, произведува боксит во Гвинеја и одлучил повторно да ја отвори таму рафинеријата за алуминиум, која се затвори во 2012 година.

Руски групи како Nornickel (светски лидер во производство на паладиум), Severstal (рангирана на 16-то место меѓу најголемите 92 нафтени, гасни и рударски компании), Nordgold и Ferrum Mining, се присутни во Мадагаскар, Гвинеја, Јужна Африка и Буркина Фасо.

Образование

Масовниот пад на наталитетот на Русија од распадот на Советскиот Сојуз го намали бројот на млади кои сакаат да учат или да се приклучат на работната сила во земјата.

Москва бара начини да ги пополни празните места во Универзитетите и Африка може да обезбеди постојан проток на студенти.

Чарлс Робертсон, главен економист во Renaissance Capital, проценува дека бројот на руски студенти се намалил за 40% во текот на последната деценија.

„Нема веќе млади Руси, па како да ги пополните овие универзитети? Влегуваат африкански студенти “, истакнува тој.

Исто така, тоа ќе и донесе на Русија „многу добра долгорочна корист“ во деловните односи со Африка, додаде Робертсон.

Поврзани вести

„Добредојдовте во „Брегзит“: Британците во ЕУ не можат да внесат ни сендвич

Влатко Зорба

Бајден се подготвува за нов стимул на економијата откако Демократите го освоија Сенатот

Влатко Зорба

Kризата ќе биде само привремена, но ако се пролонгира, економските ефекти би биле посериозни

msp-admin